Тимот од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес (УКЛА, UCLA) открил објект кој содржи јаглерод, азот, кислород и водород, сместен во соѕвездието Воловар (Boötes).
Многу научници веруваат дека Земјата била без вода кога се формирала и дека елементите кои поддржуваат живот: јаглерод, азот и вода, се појавиле подоцна, како резултат на судирот со други објекти во нашиот Сончев Систем кои ги содржеле овие елементи.
Тим научници од УКЛА откриваат дека е откриено постоење на бела џуџеста планета чија атмосфера е богата со јаглерод и азот, како и со кислород и водород – компонентите на водата. Белото џуџе се наоѓа приближно на 200 светлински години оддалеченост од Земјата и е сместено во соѕвездието Воловар.
Бенџамин Зукерман, коавтор во истражувањето и професор по астрономија на УКЛА изјави дека студијата претставува доказ дека планетарниот систем во кој се наоѓа белото џуџе содржи материи коишто се основни, базични градбени блокови на живата материја. И иако истражувањето се фокусира на одредена ѕвезда, позната како WD 1425+540, фактот дека нејзиниот планетарен систем ги дели карактеристиките со нашиот Сончев Систем, јасно покажува дека и други планетарни системи би имале слични карактеристики.
„Наодите укажуваат дека некои од предусловите кои се од важност за постоење на живот се заеднички во целиот Универзум“, изјави Зукерман.
Научниците изјавуваат дека мала планета во планетарниот систем орбитирала околу белото џуџе и дека нејзината траекторија била изменета, можеби поради гравитациското влијание од друга планета во истиот систем. Промената предизвикала малата планета да патува многу блиску до белото џуџе, каде што силното гравитациско поле на ѕвездата ја распарчило малата планета и ја претворило во гас и прашина. Тие остатоци орбитираат околу белото џуџе, слично како прстените околу Сатурн, пред евентуално спирално да навлезат во самата ѕвезда, носејќи ги со себе материите кои се градбени единици на живата материја, изјави Зукерман.
Истражувачите сметаат дека овие настани се случиле во поново време, можеби во изминативе 100.000 години, изјави Едвард Јанг, друг коавтор на студијата и професор по геохемија и космохемија од УКЛА. Тие проценуваат дека приближно 30% од масата на малата планета ја сочинувале вода и мраз, а приближно 70% карпест материјал.
Истражувањето укажува дека малата планета е прва од многуте, веројатно аналогни на објектите во Кајперовиот појас во нашиот Сончев Систем. Кајперовиот појас е огромен збир од мали тела, како комети и мали планети, сместени во надворешните слоеви од нашиот Сончев Систем, зад орбитата на Нептун. Астрономите долго време се прашувале дали други планетарни системи имаат тела со карактеристики слични на оние во Кајперовиот појас, а се чини дека новото истражување за првпат го потврдува постоењето на барем едно такво тело.
Белите џуџести ѕвезди се густи остатоци од нормални ѕвезди. Нивното силно гравитациско поле ги повлекува елементите како јаглерод, кислород и азот од нивната атмосфера кон внатрешноста, каде што не можат да бидат детектирани со телескоп.
Истражувањето, објавено во Astrophysical Journal Letters, објаснува како WD 1425+540 се стекнала со јаглерод, азот, кислород и водород. Ова е првпат да биде откриено бело џуџе со азот, и единствено, од неколку познати примери на бели џуџиња кои доживеале судир од карпести тела богати со воден мраз.
„Доколку има вода во објектите слични на оние во Кајперовиот појас, околу дургите ѕвезди, а веројатно има, тогаш кога се формираат карпестите планети тие не треба да содржат материи потребни за жива материја“ изјави Сији Ксу (Siyi Xu), главниот автор на студијата, постдокторски стипендист на Европската јужна опсерваторија (ESO) во Германија, која докторирала на УКЛА.
„Сега гледаме во планетарен систем, надовор од нашиот Сончев Систем, во којшто има мали планети каде што водата, азотот и јаглеродот се присутни во изобилство, како во нашиот Кајперов појас“ ијзавила Ксу. „Доколку Земјата се стекнала со вода, азот и јаглерод преку судирот со такви објекти, тогаш карпестите планети во другите планетарни системи би можеле да се стекнат со вода, азот и јаглерод на ист начин“.
Карпеста планета која се формира релативно блиску до нејзината ѕвезда веројатно ќе биде сува, односно без вода – изјавил Јанг.
„Би сакале да дознаме дали во други планетарни системи Кајперовиот појас постои со големи количини на вода која би можела да биде додадена на планетите без вода“ изјавил тој. „Нашето истражување укажува дека ова е возможно“.
Според Зукерман, истражувањето не одговорило на прашањето за постоење на живот во Универзумот.
„Прво, ви треба свет сличен на Земјата во поглед на големината и масата, со соодветна оддалеченост од ѕвездата која би била слична на нашето Сонце“ изјавил тој, додавајќи дека астрономите сè уште не нашле планета која ги исполнува овие критериуми.
Истражувачите ја набљудувале WD 1425+540 со телескопот Кек во 2008 и 2014 година и со телескопот Хабл во 2014 година. Тие извршиле анализа на хемискиот состав од атмосферата користејќи инструмент наречен спектрометар, кој ја разложува светлината на бранови должини. Спектрометрите можат да се подесат на бранови должини за кои научниците знаат дека даден елемент ги испушта и апсорбира светлина. Научниците тогаш можат да детерминираат елементи присутни во телото преку испуштената или апсорбираната светлина со одредена карактеристична бранова должина. Во новото истражување, тимот ги забележал елементите во атмосферата на белото џуџе бидејќи тие апсорбирале дел од неговата позадинската светлина.
Во тимот истражувачи покрај Ксу, Јанг и Зукерман, коавтори на истражувањето се и Мајкл Јура, професор по астрономија од УКЛА кој почина во 2016 година; Бет Клен, поранешен студент на Јура и Патрик Дуфор, асистент професор по физика на Универзитетот во Монтреал.
Извор: UCLA Newsroom
Превод: Александра Бошкова