Џиновските комети претставуваат закана за животот на Земјата

0
Џиновските комети претставуваат закана за животот на Земјата

Ударите на остатоци од комети на Земјата се неизбежни, велат научниците. Извор: Solarseven/Shutterstock.

Време е да се започне со посериозен пристап кон големите комети како потенцијална причина за уништување на животот на Земјата, според тим научници од Опсерваторијата Армаг и Универзитетот на Бакингем (Англија). Со должина од 50 до 100 километри, овие огромни тела од камења и мраз уште одамна се идентификувани како дел од Транс-Нептунскиот регион, односно зад најдалечната планета од Сончевиот Систем.

Овие комети се наречени Кентаури и е можно да се придвижат кон внатрешните делови од системот, како што нивните орбити би биле искрувувани од гравитациското влијаније на Нептун, Уран и Сатурн. Научниците процениле дека кометите најверојатно ќе се враќаат кон орбитата на Земјата на секои 40.000 до 100.000 години. Во зависност од големината, составот и оддалеченоста ефектите врз земјините екосистеми може значително да варираат.

Се смета дека ова се нестабилни тела, па затоа поголемиот дел од овие ефекти ќе биде предизвикан од прашина и други ситни остатоци како резултат на нивното распаѓање. Проценката е дека една од овие далечни комети со должина од 100 километри би содржела околу 100 пати повеќе од вкупната маса на сите околни астероиди. Нашата атмосфера би можела да стане исполнета со парчиња само од огромното количество прашина, со што достапната Сончева светлина би била неверојатно минимализирана.

Мапа на Сончевиот систем на која се покажуваат орбитите на неколку планети. Со црвено се орбитите на 22 од овие џиновски планети, а со жолто се орбитите на 17 Транс-Нептунски објекти. Извор: Duncan Steel/Royal Astronomical Society.

Понтаму, поголемите парчиња кои би можеле да достигнат по неколку километри во должина може да предизвикаат катастрофални удари, слични на оние кои ги истребиле диносаурусите. Се смета дека во минатото се случиле неколку вакви удари, за што сведочат големите кратери кај Заливот на Мексико, Украина, Сибир и Чизпејк Беј.

Сегашните мерки за следење на опасноста врз Земјата од ризиците при вакви удари се темелат претежно на иницијативата на НАСА за Вселенска стража, со која се лоцираат до 90% од таканаречите Објекти блиски на Земјата (NEO), поголеми од 1 километар. Програмата се фокусира главно на астероидниот појас, кој се наоѓа помеѓу Марс и Јупитер, а сега се предложува да се впуштиме кон потрага и во подалечните, надворешни региони на системот со што ќе добиеме претстава за опасноста од далечни џиновски комети.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFL Science

Сподели.