Џиновскиот вселенски телескоп би можел да ги наследи Хабл и Џејмс Веб

0

И додека вселенскиот телескоп Хабл се уште е во функција, а неговиот наследник Џејмс Веб со работа почнува дури во 2018 г., научниците веќе размислуваат за наследник на овие два телескопи. Новиот телескоп, со работно име High Definition Space Telescope – HDST, би требало да биде вистински џин во однос на Хабл, со 25 пати поголема леќа отколку таа на Хабл, би се наоѓал во Лагранжовата точка 2, исто како и со вселенскиот телескопот Џејмс Веб (James Webb Space Telescope).

Споредба со главното огледало на Хабл, Џејмс Веб Веб и предложениот HDST (Фото: HDSTVision.org)

Споредба со главното огледало на Хабл, Џејмс Веб Веб и предложениот HDST (Фото: HDSTVision.org)

Замислата за изградба на нов телескоп, ако биде прифатена, би можела да биде реализирана во текот на 2030 г. која потекнува од Association of Universities for Research in Astronomy (AURA). Станува збор за меѓународна организација, која ги собира научните институции од подрачјето на астрономијата, кои управуваат со опсерваториите ширум светот.

Иако се проценува дека изградбата на HDST би чинела од 8 – 10 милијарди американски долари, научниците се сложуваат дека таков систем би овозможил невиден преглед во минатото на вселената, почнувајќи од првите слоеви од гас и прашина, формирани веднаш по создавањето на вселената.

Бидејќи HDST би бил во можност да регистрира сто пати послаба светлина отколку што тоа го може Хабл, имплементирањето на системот би бил од пресудно значење при истражувањето на егзопланетите. Но, научниците очекуваат од HDST и одговор на прашањето дали сме сами во вселената.

Симулација на изгледот на галаксиите оддалечени 10 милијарди светлински години од Земјата, снимени со помош на Хабл (лево) во однос на фотографијата од иста страна од предложениот HDST (десно). Слика: HDST/AURA

Еден од важните технички елементи при дизајнирањето на HDST е секако и вградувањето на интерен коронограф, со чија помош би било можно да се блокира светлината од матичната ѕвезда, со цел подобро набљудување на слабиот сјај од планети кои кружат околу наведената. Како и да е, да се надеваме дека НАСА во првата половина од идната декада ќе добие одобрение од Конгесот на САД за почеток на изградба на HDST, во соработка со другите вселенски агенции.

Доколку сакате да ги видите детаљите околу предложениот проект, посетете ја службената веб страна http://www.hdstvision.org

Превод: Петар Ивановски

Извор: Znanost

 

Сподели.