Детектиран титаниум оксид во атмосферата на егзопланета

0

Меѓународниот тим од научници ја искористил моќта на FOR2 инструментот на VLT (Very Large Telescope) на Европската Јужна Опсерваторија, со цел да се истражи атмосферата на егзопланетата WASP-19b во детали, а притоа успеале да воочат титаниум оксид. Оваа способност нам ни кажува дека наскоро ќе можеме да ја проучуваме атмосферата на планетите.

Детектиран титаниум оксид во атмосферата на егзопланета

WASP-19b е многу топла егзопланета, и е еден вид на „врел Јупитер“. Има иста маса како Јупитер, но затоа што е многу блиску до нејзината матична ѕвезда, ја завршува орбитата околу неа за 19 часа, што е причина за високата температура од околу 2000°C. Тимот открил траги од титаниум оксид, вода и натриум, како и доста расфрлан слој од магла.

Откривањето на таквите молекули не е едноставна задача, вели Елјар Седагати од ЕСО во својата изјаваОсвен тоа што нам ни се потребни податоци за квалитет, мораме да поминеме и софистицирана анализа. Користевме алгоритам кој истражува милиони спектри кои опфаќаат хемиски состави, температура и својства на облаци и маглини, за конечно да ги изведеме своите заклучоци.

Детектиран титаниум оксид во атмосферата на егзопланета

Ова не е прва егзопланета на која е откриен титаниум оксид. WASP-121b, исто така го имаше тој елемент и се однесува како озонот, кој има сличен ефект на атмосферата на Земјата, предизвикувајќи инверзија во стратосферата.

Извор: ЕНаука

Во соработка со:

ЕНаука

Сподели.