Дали водата на Месечината потекнува од Сончевиот ветер?

0
Дали водата на Месечината потекнува од Сончевиот ветер?

Геолог-Астронауотот Харисон Шмит собира примероци од Месечината. 12-ти декември, 1972 Заслуги: НАСА

Нови анализи направени врз примероци од камења кои биле собрани од површината на Месечината пред 50 години покажуваат како Месечевите минерали биле создадени како резултат на Сончевиот ветер, наместо од страна на метеорити или судири со комети.

Аполо мисиите од 1970-тите даваат доста бледа и нецелосна слика за нашата Месечина, објаснуваат научниците, но во 2009-та година истражувачите откриле траги од вода во почвата на Месечината кои се простираат на Месечевата површина. Првото забележување било остварено од страна на Индиската сонда, Чандариан-1 ( Chandrayaan-1) , а потоа додатни податоци од леталото Касини (Cassini) и вселенското летало Deep Impact помогнале во проверката за постоењето на мали количини на вода и хидроксилни молекули на Месечината.

За да го пронајдат изворот на вода, Алис Шепарт и Франсоа Роберт од „Muséum National d’Histoire Naturelle“ во Париз го измериле односот меѓу водородот и деутериумот во примероците од почвата на Месечината кои биле прибрани за време на мисиите Аполо 16 и 17. Водата во Сончевиот систем природно содржи мали количини на тежок водород или деутериум, па мерењето на пропорциите на овие два изотопи би можело да им помогне на истражувачите во откривање на потеклото на водата.

Можните извори кои се истражувани вклучуваат метеорити богати со вода, удари од комети, како и Сончевиот ветер—протокот на плазма од енергизирани протони и електрони кои доаѓаат од Сонцето. Бидејќи количеството на присутен деутериум зависи од оддалеченоста од Сонцето и влијанијата на космичките зраци, секој извор ќе даде различен D/H однос.

Научниците добиле податок дека поголемиот дел од водата на површината од почвените зрна доаѓа од Сончевиот ветер. „Забележуваме дека имаме поголемо количество на вода кога соодносот е понизок“, вели Стефан, а тимот тоа го објаснува како влијание од имплантацијата на Сончевиот ветер. Протоните од Сончевиот ветер, комбинирани со кислородот на Месечината, ја создаваат водата. Во меѓувреме, придонесот од метеоритите и кометите е занемарлив; во просек, зрната содржеле околу 15 проценти вода која доаѓала од овие извори.

Превод: Бојан Андоновски

Извор: IFLS

Сподели.