Дали темната материја би можела да биде изградена од минијатурни честички?

0
Заслуги:  NASA/JPL-Caltech/ESA/Institute of Astrophysics of Andalusia, University of Basque Country/JHU

Заслуги: NASA/JPL-Caltech/ESA/Institute of Astrophysics of Andalusia, University of Basque Country/JHU

Една четвртина од Универзумот се верува дека припаѓа на темната материја, но всушност за неа не се знае многу. Таа не рефлектира ни апсорбира ништо од електромагнетниот спектар со што прави да е многу тешко да се забележи. Двајца астрофизичари од Интитутот за нуклеарни истражувања од Руската академија на научници поставија нова хипотеза која вели дека темната материја е составена од „атоми на црна дупка” кои што се или микроскопски или квантни. Оваа хипотеза беше детално опишана во записот Advances in High Energy Physics.

Темната материја не влијае на електромагнетннотно зрачење и со тоа не може да биде сликана со денешната технологија, исто како и црните дупки. Меѓутоа, може да влијае на обичната материја преку гравитацијата, исто како и црните дупки. Овие сличности се набљудувани подолго време, што води кон тоа да се мисли дека темната материја можеби е составена од некаква форма на мала црна дупка.

Хипотезата поставена од страна на Вјачеслав Докучаев и Јури Ерошенко не е целосно нова, иако има некои клучни разлики во неа. Тие претпоставуваат дека некој тип на темна материја постоела на почетокот во Универзумот и имала електричен полнеж и претставувала микроскопски „атоми на црна дупка”. Со тоа што делувала со други наелектризирани честички станала со неутрален полнеж правејќи комуникацијата со видливата материја да биде многу слаба. Иако овие честички би биле помали од атомот, секоја од нив би можела да има маса од 10¹ кг. до 10²³ кг. На поголемиот дел од опсегот, би имала маса слична со онаа на месечината.

Овие атоми на црна дупка се слични на фридмоновата честичка за која била поставена теорија пред околу 40 години што во основа претставува TARDIS: поголемо е во внатрешноста. Надворешноста на ваквата честичка можеби е прилично мала, но во внатрешноста може да биде голема колку цел Универзум.

Веднаш по новата хипотеза на Докучаев и Ерошенко се појави скептицизам. Валери Фролов која што помогнала во основањето на фридмоновата теорија изјави за Space.com дека фридмоните (иако многу суптилно) можат да комуницираат со електромагнетниот спектар. Од друга страна, темната метерија, не може. Таа најверојатно е составена од масивни честички кои слабо взаемно делуваат. (weakly interacting massive particles – WIMPs.)

И покрај сите недостатоци кои оваа хипотеза ги има, не постои причина истата да не се земе во предвид. Никој навистина не знае од што точно е составена. Докучаев и Ерошенко велат дека нивната честичка може да биде детектирана индиректно, со што би комуницирала со видливата материја и можеби би можела да произведе зрак енергија и би привлекувала електрони кон себе.

Извор: IFLS

Превод: Мартина Вељановска

Сподели.