Дали научниците најдоа остатоци од Земјата кои претходат на големиот историски судир поради кој настанала Месечината?

0
Дали научниците најдоа остатоци од Земјата кои претходат на големиот историски судир поради кој настанала Месечината?

Уметнички приказ на судирот на Земјата со Теиа. Заслуги: Joe Tucciarone

Две независни студии кои беа објавени во рок од една недела ја поддржуваат теоријата дека Месечината се создала како последица на драматична колизија помеѓу Земјата и друг објект со големина на Марс пред околу 4.5 милијарди години.

Неодамна беше објавена научна студија во која се потврдуваат разликите во кислородните изотопи помеѓу примероците земени од Месечината за време на мисијата Аполо и Земјата. Овој податок ја потврдува теоријата за судар помеѓу Земјата и друг објект.

Понатаму, научници од Харвард велат дека пронашле информации за изотопските размери кои содржат податоци или сигнали за Земјата во времето пред да се случи овој драматичен настан. Нивните податоци укажуваат дека при сударот огромен дел од нашата планета се стопил и античките остатоци од тоа време сè уште можат да се пронајдат длабоко во Земјата.

Според веќе познатите теории за колизијата помеѓу Земјата и објектот именуван како Теиа (Theia), како последица на сударот целата наша планета била стопена и дел од остатоците кои излетале низ просторот ја оформиле Месечината. Но, новата теорија на научниците од Харвард вели дека само дел од Земјата бил стопен. Истражувањето е направено врз база на споредба на изотопите на хелиум-3 и неон-22 кои биле значително позастапени во примероците од поплитките слоеви на Земјата.

Доколку оваа теорија се докаже како вистинита, веројатно е дека дел од доказите потекнуваат од времето пред да се случи големата колизија.

Извор: IFLS Превод: Михаела Стојанова

Сподели.