Дали Марс создава систем од прстени?

0
Дали Марс создава систем од прстени?

Еден ден, околу Марс би можел да се создаде систем од прстени, како оние на Сатурн. Заслуги: JANEZ VOLMAJER/SHUTTERSTOCK

За околу 20 до 70 милиони години се претпоставува дека Фобос, сателитот на Марс, ќе биде распарчен движејќи се кон планетата, притоа формирајќи прстен од остатоци на карпи околу Црвената планета, слично како кај Сатурн.

Двајца истражувачи од Индиската лабораторија по физика пронајдоа доказ дека овој процес е веќе започнат. Потпирајќи се врз нивните откритија (веќе објавени во списанието„Icarus“), тие укажуваат дека планетата можеби веќе создава прото-прстенест систем.

Двајцата научници користеле податоци од вселенскиот сателит на НАСА – MAVEN, кој влезе во Марсовата атмосфера во септември 2014 година за да го проучи составот на истата.

Тие пронашле облак од прашина кој ја обиколува планетата на висина од 250 до 1000 километри над површината, воглавно составен од прашина и интерпланетарни остатоци.

Марс и двете месечини често отфрлаат помали и поголеми карпести остатоци, иако тие најчесто се однесени од соларниот ветер. Кај облакот прав карактеристично е што има мал процент на материјали кој доаѓа од Фобос и Деимос – околу 0.6 проценти од неговиот состав. Астрономите претпоставуваат дека облакот може да биде почеток на формирање на прстен околу планетата.

Орбитата на Фобос се скратува за 2 метри секој век, со два можни резултати. За околу 20 милиони години, тој или ќе се урне на површината на Марс, или ќе биде предвремено распарчен и претворен во прстен. Второто сценарио изгледа поверодостојно, формирање прстен со делови од оваа месечина или од нејзиниот двојник Деимос.

Како и да е, идејата дека Марс формира прстен е спорна во секој случај. MAVEN (сателитот во орбита на Марс) не е специјализиран за потрага по прашина. Значи, без да испратиме вселенско летало на Марс, ќе имаме само несигурни заклучоци.

„За нешто со сигурност да кажеме околу ова, треба да имаме повеќе инструменти како детектори за прашина испратени на Марс.“- кажа за New Scientist Лејла Андерсен, од Универзитетот Болдер во Колорадо. „Сè уште немаме видено добри индикации за постоење на материјали околу сателитите значајни за формирање прстен. Па мислам дека шансите ни се мали, но сепак никогаш не треба да велиме  никогаш“.

Превод: Давид Симоновски

Извор: IFL Science

Сподели.