Браздите на Марс веројатно не се формирани од вода во течна состоба

0
Браздите на Марс

Браздите на Марс потсетуваат на браздите од теченијата на вода на Земјата. Снимката е од MRO (Mars Reconnaissance Orbiter). Извор: NASA

Новите откритија добиени од податоците од орбитерот на НАСА, MRO, покажуваат дека најверојатно браздите на Марс не се формирале како последица на присуство на вода во течна состојба во далечното минато. Ова истражување се спротивставува со досегашните мислења на научниците, па така се отвараат нови теории и повеќе детали за геолошките процеси на планетата.

Новите откритија покажуваат дека нема минерални докази за големо присуство на вода во течна состојба. Па така, формациите на површината може да се поврзат со мраз или смрзнат јаглероден диоксид. Каналите се широкораспространета, честа појава на површината на Марс, а најмногу ги има на падините кои се насочени кон половите. На Земјата се формираат слични вакви канали како последица на течението на водата, додека пак на Марс според условите количеството на вода би можело да биде незначително мало. Недостатокот на докази за доволно количество вода во течна состојба која би ги оформила овие бразди налага развивање на теории за други механизми кои би придонеле кон ова, како на пример смрзнат јагледорен диоксид или испарување на водата.

Истражувањата покажуваат дека во последниве неколку години постојат сезонски активности кај браздите, најмногу во пределот кај јужната полутопка, а јаглеродниот диоксид е единствениот релевантен причинител кој би можеле да го посочиме. Причината поради која сè уште не може да се докаже конкретно ниту една од овие теории се камерите, кои се исклучиво оптички и оневозможуваат испитување на минералните остатоци низ браздите. На Марс, како и на Земјата, присуство на филосиликати, глина или други хидрирани минерали укажува на присуството на вода во течна состојба. Во студијата, тимот не успеал да открие докази за вакво нешто, освен мали количества на остатоци од антички карпи.

Друг тим на научници направил компјутерски модели кои покажуваат како сублимацијата на јаглероден диоксид може да креира исти или слични бразди како оние што ги гледаме на Марс.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys

Сподели.