Ауди планира наскоро да слета на Месечината

0

Германската мисија на Месечината наскоро би можела да докаже дека првите слетувања не биле лажирани, како што веќе десет години се шпекулира. Тимови од научници и инженери од Ауди се подготвуваат за освојување на наградата Google Lunar XPrize.

Дали сте слушнале за овој натпревар? Во делови од светот, тимови од научници ентузијасти работат на проекти чијашто цел е да се освои главната награда под покровителство на Гугл.

Еден тим мора да успее да биде прв да спушти лунарно возило на Месечината – роботизиран ровер, кој ќе мора да помине најмалку 500 метри на површината. Исто така, роверот ќе има за задача да испрати на Земјата фотографии и видео со висока резолуција. За овој потфат ќе можат да се освојат 30 милиони долари.

Тимот кој ќе го освои второто место ќе добие 5 милиони, а тимовите исто така ќе можат да освојат дополнителени бонуси чијашто вкупна вредност изнесува до 5 милиони долари и тоа во различни посебни достигнувања. На пример, би можело да биде преживување на ноќите на Месечината или посета на историски локации на кои претходно слетела мисијата Аполо.

Покрај сè што е наброено, условите за натпревар вклучуваат тимовите да му докажат на Гугл дека до 90% од нивните финансиски средства за развој на проекти се пристигнати од приватни извори, односно гаранција дека проектот не е финансиран од различни државни организации.

Ауди планира наскоро да слета на Месечината

Извор: Sciencealert.com

Споменатиот германски тим добил голема помош кога Ауди се здружил со луѓето од тимот на Part-Time Scientists. Тоа е група ентузијасти научници кои прво започнале да работат на проекти со пола рабното време за тоа со тек на време да прерасне во нешто сериозно, па така сега сите 12мина работат со цело работно време.

Ги објавиле и првите слики од роверот кој планираат да го испратат на Месечината, а името на возилото е Ауди Лунар Кватро (Audi Lunar Quattro). Ќе бидат искористени достигнувањата од сферата на автомобилите и автономното возење.

Вкупно два Ауди ровери ќе бидат спуштени на Месечината со помош на модулот ALINA (Autonomous Landing and Navigation module). Роверите ќе имаат погон на сите четири тркала, соларни панели, батерии и камери со висока резолуција.

Патот којшто треба да се помине е сериозен, во прашање се повеќе од 380 илјади километри и места кои астронаутите не ги посетиле од 1972 година, бидејќи сите се повеќе фокусирани на истражување на Марс. Тука можеби во прашање нема да бидат доведени астронаутите, но ова е сериозен потфат кој ќе следува наредната година. Ова можеби ќе биде мал чекор за Ауди, но голем за човештвото.

Превод: Александра Бошкова

Извор: Astronomski Magazin

Сподели.