Астрономите забележаа мистериозна дамка од античкиот Универзум

0
Астрономите забележаа мистериозна дамка од античкиот Универзум

Милениумската симулација покажува како стандардниот модел претпоставува дека галаксиите се распоредени во Вселенската мрежа

Како што ни се усовршуваат телескопите, можеме да гледаме сè поназад и поназад во минатото за да одредиме како настанале галаксиите што ги гледаме денес. И покрај тоа, понекогаш наоѓаме нешта кои не се совпаѓаат со нашите теории. Сегашноста е време на тие откритија.

Меѓународен тим на истражувачи објави дека е откриена огромна водородна маглина сместена на 10 милијарди светлински години од нас. Таа изгледа дека е огромна маглина од типот Лајман Алфа (enormous Lyman Alpha nebula – ELAN), т.е. ретка група на џиновски облаци од гас кои светат благодарение на енормното количество енергија од квазарите. Но, оваа маглина, наречена МАММОТХ–1, нема квазар во неа.

Истражувањето, кое беше објавено во AstroPhysical Journal (и е достапно на интернет), е дел од „Mapping The Most Overdensities Through Hydrogen“ – MAMMOTH (мапирање на најгустите водородни објекти) програмата. Истиот тим научници претходно откри иста маглина од овој тип (наречена „Маглина Полжав“ или Slug Nebula), но за разлика од сегашната, истата поседувала квазар.

„Екстремно е светла, и најверојатно е поголема од маглината Полжав, но не можеме да видиме ништо повеќе од слаба дамка на галаксија. Значи, маглинава е страшен енергетски феномен, без видлив извор на енергија.“- изјави проф. Хавиер Прочаска, од Калифорнискиот универзитет Санта Круз. „Претпоставувам дека станува збор за квазар, но дека  е толку опколен од прашина, што поголемиот дел на светлина е сокриен.“

Астрономите забележаа мистериозна дамка од античкиот Универзум

Површинско зрачење на MAMMOTH-1. Заслуги: Cai et al., Astrophysical Journal

Според Стандардниот модел на Вселената, галаксиите се распоредени во нишки од темна материја. Оваа структура се формирала веднаш по Големиот Прскот пред околу 13.8 милијарди години.

„Од распределбата на галаксиите можеме да заклучиме каде се нишките на космичката мрежа, а маглината е совршено координирана со оваа структура.“- додаде авторот Зенг  Чаи, исто така од КУ Санта Круз.

МАММОТХ–1 не само што е крстосница во локалната космичка мрежа, туку е и една од поголемите. Има невообичаено висока концентрација на протогалаксии на простор со пречник од само 50 милиони с.г. Ако можеме да ја набљудуваме денес, тоа би било неверојатно галактичко јато со пречник од само една светлинска година.

МАММОТХ–1 ќе биде ништо во споредба со она што допрва ќе го откриваме. Кога ќе бидат лансирани опсерваториите како Вселенскиот телескоп Џејмс Веб (James Webb Space Telescope), ќе можеме  да погледнеме уште подлабоко во минатото на Универзумот, а сегашните мистериозни објекти тогаш ќе бидат само капка во океанот на откритија од почетокот на времето.

Превод: Давид Симоновски

Извор: IFL Science

Сподели.