Пар на астрономи на Универзитетот на Колумбија собрале уверливи докази за постоењето на месечина која орбитира околу гасовит џин 8000 светлосни години од овде, користејки ги Хабл вселенскиот телескоп и Кеплер вселенскиот телескоп на НАСА.
Во труд објавен на 3 октомври во списанието Научни Напредоци (Science Advances), Алекс Тичи и Давид Кипинг го обелоденуваат детектирањето на кандидат за егзомесечина – односно месечина која орбитира околу планета во друг сончев систем. Егзомесечината е невообичаено голема со дијаметар колку Нептун. Такви огромни месечини не постојат во нашиот сончев систем каде се знае за скоро 200 природни сателити.
„Ова би било првата детекција на месечина надвор од нашиот сончев систем“ вели Кипинг, асистент-професор по астрономија на Колумбија. „Ако се потврди со наредни набљудувања од страна на Хабл, откритието може да ни даде важни патокази за развојот на планетарните системи и може да ги натера експертите повторно да ги посетат теориите за тоа како месечините се формираат околу планетите.“
Во потрагата по егзомесечини истражувачите анализирале податоци од 284 планети откриени од Кеплер во широки орбити со периоди поголеми од 30 дена околу нивната матична ѕвезда. Со набљудувањата се мереле моменталните намалувања во интензитетот на светлоста на ѕвездата кога планета минува пред нејзе, што се нарекува транзит. Истражувачите забележале еден случај со интересни аномалии – Кеплер 1625b.
„Видовме мали девијации во светлосната крива што го привлече нашето внимание“ вели Кипинг.
Резултатите од Кеплер биле доволно убедливи за тимот да добие 40 часа контрола на Хабл телескопот за интензивно да ја проучи планетата, собирајки податоци четири пати поточни од оние на Кеплер. Истражувачите ја набљудувале планетата пред и за време на нејзиниот 19 часовен транзит преку лицето на ѕвездата. По крајот на транзитот Хабл детектирал второ и многу помало намалување на светлоста на ѕвездата 3,5 часа подоцна, конзистентно со „месечина која ја следи планетата како куче кое го следи својот сопственик“ вели Кипинг. „За несреќа закажаните набљудувања со Хабл завршиле пред комплетниот транзит на месечината да биде измерен“.
Додатно на ова намалување на светлоста Хабл ни дава докази кој ја поддржуваат хипотезата преку мерењата кои велат дека планетата го започнала својот транзит 1,25 часа порано од предвиденото. Ова е конзистентно со орбитирањето на планета месечина околу заеднички центар на гравитација што би предизвикало планетата да се измести од својата предвидена локација.
„Вонземна цивилизација која би ги гледала Земјата и Месечината како транзитираат пред Сонцето би забележала слични аномалии во времето на транзитот на Земјата“, вели Кипинг.
Истражувачите наведуваат дека оваа аномалија може да е предизвикана и од гравитациско влијание на хипотетичка втора планета во системот, иако Кеплер нема најдено докази за додатни планети околу ѕвездата во својата четири-годишна мисија.
„Месечина придружник е најденоставното и најприродно објаснување за второто намалување кај светлосната крива и девијацијата во тајмингот на орбитирање.“ вели главниот автор Тичи. „ Беше шокантно да се види светлосната крива, моето срце почна да чука малку побрзо и само гледав во записот. Но, знаевме дека наша работа е да имаме ладна глава кога ги тестираме сите можни начини на кој тие податоци може да не залажуваат додека не останавме со ниедно друго објаснување.“
Месечината се препоставува дека е само 1,5% од масата на својата планета придружник која самата се предпоставува дека е неколку пати по масата на Јупитер. Оваа вредност е блиска до соодносот на масите помеѓу Земјата и Месечината. Но кај случајот Земја-Месечина и системот Плутон-Харон (најголемиот од петте познати природни сателити на џуџестата планета Плутон) ран судир со поголемо тело се смета дека е причината за исфрлање на материјал кој подоцна коалесцирал во месечина. Кеплер 1625b и неговиот сателит се гасовити не карпести и затоа таква колизија не може да доведе до кондензација на сателит.
Егзомесечините се тешки за наоѓање бидејки се помали од нивните планети придружници па нивниот сигнал е многу слаб. Тие исто така ја менуваат позицијата со секој транзит поради орбитацијата околу планетата. Додатно на ова идеалните кандидати за планети кои имаат месечини се во големи орбити со долги и ретки транзити. Во оваа потрага месечина со големина на Нептун би била меѓу најлесните да се детектира прва поради својата големина.
Планетата домаќин и својата месечина лежат во населливата зона околу ѕвездата каде умерените температури дозволуваат постоење на течна вода на било која цврста планетарна површина. „Двете тела се смета дека се гасовити па затоа и несоодветни за живот каков што го знаеме“ вели Кипинг.
Идните потраги ќе таргетираат планети со големина на Јупитер кои се подаелку од својата ѕвезда одколку што е Земјата одалечена од Сонцето. Овие се само дел од нив во базата на податоци на Кеплер. Идниот телескоп на НАСА – Џејмс Веб може нависнина да „зачисти“ во потрагата по сателити вели Кипинг. „Може да очекуваме дека ке видиме многу мали месечини.“
Превод: Максим Осман-Николов
Извор: Phys.org