Во скоро време се објавуваат вести во кои се става во прашање постоењето на темна материја, или целосно се отфрла нејзиното постоење. Ова е поради нов труд објавен со наслов „Маргинален доказ за космичко забрзување од тип 1А супернови“.
Откога ќе го прочитате трудот, безбедно можеме да кажеме дека сè уште нема потреба да направиме ревизија на нашето разбирање за Универзумот. Трудот всушност само ја намалува сигурноста во тоа што го знаеме, под услов да се занемари сè што досега е набљудувано во Универзумот. Исто така, занемарува важни детали во податоците кои ги зема предвид. Без разлика на се ова, тоа истражување само би ја намалило сигурноста во тоа дека Универзумот се шири забрзано, така што сепак би била 99,7%. Тоа е далеку од заклучување дека не се шири.
Откриено е дека Универзумот се шири за првпат во 1998, кога двајца астрономи користеле тип 1А супернови како алатки за мерење. Супернови, т.е. ѕвездени експлозии, се едни од најмоќните експлозии во Универзумот, еквивалентни се на милијарда-милијарди-милијарди (10^27) експлозии од атомска бомба наеднаш. Тип 1А супернови се уникатни така што експлодираат со истата осветленост, најверојатно заради граница на критична маса. Ова значи дека колку се светли зависи скоро секогаш од тоа колку се оддалечени. Ова ги прави идеални за мерење космички растојанија и дури се гледаат од милијарди светлински години оддалеченост. Ова дава точка за споредба со сегашниот Универзум.
Овие супернови често се викаат стандардни свеќи заради нивната конзистентност. Поточен термин би било стандардизибилни свеќи, бидејќи во примена нивната прецизност и точност би се зголемила земајќи го предвид траењето на експлозијата, поцрвенувањето од прашината помеѓу набљудувачот и експлозијата. Методите на корекција ни го донесоа откритето наУ кој се шири со забрзување.
Трудот кој ги предизвика шпекулациите користеше каталог од тип 1А супернови собран од научници кој бил користен честопати во минатото. Авторите на трудот користеа метод на анализирање на суперновите кој е различен и не зел предвид одредени различности во суперновите на каталогот. Без разлика на ова, во трудот сепак тврдат дека има 99,7% веројатност дека Универзумот се шири забрзано, многу различно од тврдењата во медиумите.
Понатаму, сигурноста која ја имаат научниците дека Унизерзумот забрзува е основано на повеќе од набљудување супернови. Други потврди се патеките на флуктуации во космичката микробранова позадина и сегашното обележје на тие флуктуации покажано преку распределбата на галаксии во Универзумот (наречено барионична акустична осцилација). Други докази се присуството на значителна количина на материја во Универзумот потврдена повеќе пати од 1970 година па наваму. Овие други податоци покажуваат дека Универзумот се забрзува независно од податоците од суперновите. Ако ги комбинираме податоците одиме од 99,99% сиггурност до 99,99999% сигурност. Тоа е голема сигурност.
Сега знаеме дека темна енергија, тоа што веруваме дека го предизвикува забрзувањето на Универзумот, составува 70% од него, а остатокот е материја. Природата на темната енергија е сè уште една од најголемите мистерии на астрофизиката. Сепак, немало активен разговор за дали Универзумот се забрзува или дали постои темна енергија, бидејќи оваа слика за Универзумот е воспоставена и осигурана пред една деценија.
Моментално има многу Земни и вселенски испитувања кои преку следните две децении ќе се обидат да одредат што е темната енергија. За сега мораме да ги подобруваме мерењата и да си ги ставаме на прашање претпоставките. Додека овој нов труд не докажува ништо, сепак е добро да се постави прашањето колку се големи прашањата кои ги поставуваме, како стигнавме до заклучоците кои ги имаме денес и колку сериозно мораме да го тестираме се тоа што го разбираме.
Ова покажува каде лежи нашата сигурност за состојбата на нашиот Универзум во поглед на количината на материја и темна енергија. Со виолетово се прикажани само податоците за суперновите, зелено е од податоците на космичката микробранова позадина, а црното е од космичката микробранова позадина заедно со барионичната акустична осцилација. Вертикална линија покажува колку е минималната количина на материја во Универзумот, добиено од повеќе космолошки сонди. Нацртана е линија која ги дели моделите на забрзувачки и успорувачки Универзум. Друга линија покажува каде лежи во однос на веројатноста геометриски рамен Универзум, како што покажува космичката микробранова позадина. Доле лево е покажано каде би лежел празен Универзум, т.е. каде што има малку или ниту малку материја и темна енергија, тоа исто така е фокусот на гореспоменатиот труд. Само заради податоците од суперновите има доста доказ да се верува дека Универзумот забрзува, но не се гледа причина да се занемарат останатите податоци.
Превод: Јован Милосковски
Извор: Scientific American