Астрономите откриле шест галаксии без ѕвезди во нив

0

Темните галаксии се облаци од гас со неколку ѕвезди во нив, кои стануваат видливи кога квазарите ја насочуваат својата светлина кон нив.
Заслуги: Vadim Sadovski/SHUTTERSTOCK

Астрономите откриле шест можни т.н. темни галаксии, коишто наместо да бидат исполнети со многу ѕвезди, тие речиси немаат.

Според најновите астрофизички модели, младите галаксии можеби поминале низ темната фаза. Овие темни галаксии, доволно големи и исполнети со гас, можеби имале проблеми со формирањето на ѕвездите. Наоѓањето на овие галаксии е предизвикувачки, затоа што тие не емитуваат светлина, туку со помош на светлината од блиските извори, така што истражувачите веруваат дека забележале 6 такви точки.

Европските истражувачи за Астрофизички Журнал кажаа дека овие објекти постоеле уште кога Универзумот бил стар 2 милијарди години. Објектите биле осветлени од блиските квазари – активни галаксии кои наликуваат на супер-масивни црни дупки што ги привлекуваат околните материи. Овој процес ги прави квазарите екстремно блескави, но нивниот одблесок може да се користи за набљудување на другите објекти.

Квазарите емитуваат големи количини на УВ светлина, којашто потоа била апсорбирана од гасот и повторно емитувана. Светењето на белата облека под црната (УВ) светлина во клубовите е на начин слична појава. Така што, овие набљудувања биле доволни за астрономите да откријат многу од својствата на овие галаксии.

Шесте т.н. кандидати за галаксии се мали, компактни објекти, чијашто маса била проценета на 200 милиони до 6 милијарди пати од онаа на нашето Сонце. Според истражувачите, нивните особини се слични на останатите темни галаксии кои биле откриени во последните неколку години, што ги прави всушност и добри кандидати. Претходните темни галаксии биле откриени на далечина од 11 милијарди светлосни години, додека најново откриените објекти се милијарди светлосни години поблиску. Откривањето на најстарите галаксии може да помогне во проучувањето на почетоците на Универзумот и формирањето на галаксиите воопшто.

Тие користеле еден од поновите астрономски инструменти наречен Спектроскопски Истражувач со Повеќе Единици (МУСЕ). МУСЕ е дел од Многу Големиот Телескоп и е дизајниран за набљудување на широко ѕвездено поле во еден чекор.

И покрај возбудливите новости, темните галаксии и понатаму остануваат комплексни објекти за набљудување. Неколку милијарди години по откривањето на Универзумот, но се уште се потребни набљудувања, коишто засега се невозможни заради ограничувањата на сегашните инструменти. Со помош на новите телескопи како што е Џејмс Веб Вселенскиот Телескоп и истражувањата кои следуваат, се претпоставува дека овие галаксии нема да останат мистерија.

Превод: Матеј Пислевски

Извор: IFLScience

Сподели.