Астрономите го детектирале спиралното движење во најраните галаксии

0

Впечаток на уметникот за галаксии кои ротираат. Заслуги: Аманда Смит, Универзитет на Кембриџ

Додека гледале назад низ времето, нешто по големaта експлозија астрономите откриле вртлог од гас во некои од најраните галаксии што се формирале во Универзумот. Овие „новороденчиња“ забележани како што се појавиле пред речиси 13 милијарди години се вртат како „вртлог“, сличен на нашиот Млечен Пат. За прв пат е можно да се детектира движењето во галаксиите во таква рана точка во историјата на Универзумот.

Меѓународен тим предводен од Д-р Ренске Смит од Кавли Институтот за Космологија на Универзитет на Кембриџ ја користел Големата Милиметарска/Субмилиметарска Низа (ГМСН – ALMA) од радио телескопи во Чиле за да отвори нов прозорец кон далечниот Универзум, и за прв пат успеал да ги идентификува нормалните галаксии што формираат ѕвезди во многу рана фаза во космичката историја со овој телескоп. Резултатите се објавени во списанието Природа, а ќе бидат презентирани на 231иот состанок на Американското Астрономско Друштво.

Овие „новороденчиња“ забележани како што се појавиле пред речиси 13 милијарди години се вртат како „вртлог“, сличен на нашиот Млечен Пат. За прв пат е можно да се детектира движењето во галаксиите во таква рана точка во историјата на Универзумот. Сепак, Универзумот во тоа време бил исполнет со мрачна „магла“ од неутрален водороден гас, поради што е тешко да се види формирањето на првите галаксии со оптички телескопи.

Смит и нејзините колеги ја користеле АЛМА да набљудуваат две мали новородени галаксии, како што биле само 800 милиони години по Големата Експлозија. Со анализирање на отпечатокот на спектрумот на инфрацрвената светлина собрана од АЛМА, тие биле во можност да го утврдат растојанието до галаксиите и за првпат да го видат внатрешното движење на гасот што го поттикнувал нивниот раст.

Симулација на ротирачки диск. Заслуги: Р. Crain (LJMU) и Ј. Geach (U. Herts)

„До пред ALMA, ние никогаш не сме биле во можност да го видиме формирањето на галаксиите со вакви детали и ние никогаш не сме биле во можност да го измериме движењето на гасот во галаксиите толку рано во историјата на Универзумот“, вели коавторот д-р Стефано Карнани од Кавендиш Лабораторија во Кембриџ и Кавли Институт за Космологија.

Истражувачите откриле дека гасовите во овие новородени галаксии се вртат и ротираат во движење налик на вртлог, слично на нашата галаксија и други зрели галаксии настанати многу подоцна во историјата на Универзумот. И покрај нивната релативно мала големина, околу пет пати помала од Млечниот Пат, овие галксииалаксии формирале ѕвезди со повисока стапка од другите млади галаксии, но истражувачите биле изненадени кога откриле дека галаксиите не се толку хаотични колку што се очекувало.

„Во раниот Универзум, гравитацијата предизвикала гасот брзо да влезе во галаксиите, мешајки го да формира многу нови ѕвезди, експлозиите од насилните супернови од овие ѕвезди исто така го направија гасот турбулентен“, вели Смит, кој е член на Рубикон Фелата во Кембриџ, спонзорирана од Холандската организација за научни истражувања.

„Очекувавме дека младите галаксии ќе бидат динамички „неуредни“ поради хаосот предизвикан од експлодираните млади ѕвезди, но овие мини галаксии покажуваат способност да го задржат редот и да изгледаат добро регулирани. И покрај нивната мала големина, тие веќе брзо растеле за да станат едни од „возрасните галаксии“ во каков што живееме денес.“

Податоците од овој проект за мали галаксии го отвораат патот за поголеми студии на галаксии во текот на првите милијарди години од космичкото време.

Превод : Бојан Николовски

Извор: Phys.org

Сподели.