Светли ѕвезди се наоѓаат над повеќето од божиќните елки низ светот за време на празниците. Верниците пеат за чудесната ѕвезда која ги водела мудреците до колибата во градот Витлеем, каде што се родил Исус. Сепак, дали библискиот опис на оваа ѕвезда претставува само фикција или можеби содржи одредена астрономска вистина?
Загатки за Астрономијата
За да ја сфатиме ѕвездата на Витлеем, треба да рамислуваме како тројцата мудреци. Мотивирани од оваа „Ѕвезда на Истокот“, тие најпрво патувале до Ерусалим и му го соопштиле пророрштвото на кралот Херод, кое гласело дека ќе се роди нов владетел на луѓето во Израел. Дополнително, треба да размилуваме како кралот Херод, кој ги прашал тројцата мудреци за тоа кога се појавила ѕвездата, бидејќи тој и неговиот дворец, очигледно, не биле свесни за таква ѕвезда на небото.
Овие настани ни ја претставуваат првата астрономска загатка за првиот Божиќ: Како е возможно советниците на кралот Херод да бидат несвесни и да не забележат ѕвезда која е толку светла и очигледна што можела да ги одведе тројцата мудреци до Ерусалим?
Следно, со цел да стигнат до Витлеем, мудреците морале да патуваат во праволиниски јужен правец од Ерусалим; некако, таа „ѕвезда од Истокот“ одела пред нив, сè додека не застанала на локацијата на младото дете. Сега следи и втората прво-божиќна астрономска загатка: „Како е возможно ѕвезда „од истокот“ да ги води мудреците кон југ? Ѕвездата Северница води многу изгубени планинари кон северот, па, од тој аспект, зарем не требало источната ѕвезда да ги води мудреците кон истокот?
Дополнително имаме и трета прво-божиќна астрономска загатка: Како ѕвездата на Матеј се движи „пред нив“, а потоа запира и стои над колибата во Витлеем, каде што наводно се наоѓал малиот Исус?
Што би можело да ја претставува „Ѕвездата на исток“?
Секој астроном знае дека не постои ѕвезда која би можела да ги направи споменатите активности, ниту пак за тоа би била способна една комета, или Јупитер, или супернова, или пак конјукција на планети, или било кој друг светол објект на вечерното небо. Би можело да се каже дека зборовите на Матеј опишуваат чудо, нешто што е сосема надвор од законите на физиката. Сепак, Матеј внимателно ги избрал своите зборови и напишал „Ѕвезда на исток“ два пати, што укажува дека овие зборови имаат специфична значајност за неговите читатели.
Дали е можно да најдеме друго објаснување, во согласност со зборовите на Матеј, кое не бара нарушување на законите на физиката и кое е поврзано со астрономијата? Одговорот, вчудонедувачки, е дека тоа е возможно.
Астролошки одговори на астрономски загатки
Астрономот Микаел Молнар укажува дека „на исток“ е буквален превод од Грчката фраза „en te anatole“, која претставувала технички термин во Грчката математичка астрологија пред 2000 години. Истата опишувала, доста конкретно, планета која би искачила над источниот хоризонт пред самото појавување на Сонцето. Потоа, само моменти после изгревањето на планетата, таа се губи во светлиот блесок на Сонцето при утринското небо. Освен во еден краток период во даден момент, никој не би можел да ја забележи оваа „Ѕвезда на исток“.
За понатаму потребна ни е малку астрономска позадина. За време на човековиот живот, скоро сите ѕвезди остануваат фиксирани во своето место; ѕвездите изгреваат и заоѓаат секоја ноќ, но тие не се движат релативно едни на други. Ѕвездите од соѕвездието на Голема мечка се појавуваат година по година, секогаш на истото место. Планетите и Сонцето пак, како и Месечината, ја менуваат својата локација во однос на фиксираните ѕвезди (гледајќи ја Земјата како гледна референтна точка); всушност, зборот планета доаѓа од Грчкиот збор кој значи „ѕвезда која талка“. Иако планетите, Сонцето и Месечината се движат по приближно истата патека, сепак тие патуваат со различни брзини, па затоа најчесто се преклопуваат едни со други. Кога Сонцето ќе стигне некоја планета, таа планета е засенета и не можеме да ја видиме, но кога Сонцето ќе помине доволно далеку од планетата, таа повторно се појавува.
Сега малку и со астролошка позадина. Кога планетата повторно се појавува за првпат и се крева низ утринското небо во периодот пред Сонцето, за прв пат после многу месеци откако била скриена од блесокот на Сонцето, тој момент астролозите го нарекуваат хелиjакално изгревање. Хелијакалното изгревање, тоа посебно второ појавување на планетата, е истото „en te anatole“ кон кое укажувало античката грчка астрологија. Конкретно, повторното појавување на планета како Јупитер, од страна на Грчките астролози се мислело дека претставува симболично значаен настан за сите оние што биле родени на тој ден.
Па оттука, „Ѕвезда на истокот“ се однесува на астрономски настан со претпоставена и назначена астролошка значајност во контекст со грчката астрологија.
Но што е објаснувњето за делот каде ѕвездата се паркиралa директно врз првата колиба? Зборот најчесто преведен како „стои над“ доаѓа од Грчкиот збор epan, кој исто така имал голема значајност во античката грчка астрологија. Зборот се однесува на специфичен момент кога планетата го запира своето движење и ја променува својата очигледна насока од западно во источно движење. Ова се случува кога Земјата, која орбитира околу Сонцето побрзо отколку Марс, Јупитер или Сатурн, ги стигнува, или ги преклопува, другите планети.
Сето ова заедно – ретката комбинација на астролошките настани (правата планета која се крева пред Сонцето; Сонцето да се наоѓа во правото соѕвездие; плус ред други комбинации од планетарни позиции кои се сметаат значајни од страна на астролозите) на астролозите од тоа време би им укажало кон кралски хороскоп и кралско раѓање.
Тројцата мудреци кои гледаат кон небото
Молнар верува дека мудреците всушност биле навистина паметни и математички способни астролози. Тие исто така знаеле за пророштвото на Стариот Завет каде нов крал би бил роден од фамилијата на Давид. Најверојатно, тие го набљудувале небото со години, чекајќи планетарни позиции кои би го претскажале раѓањето на кралот. Кога тие идентификувале моќен склоп од астролошки настани, одлучиле дека тоа е правиот момент да се тргне и да се пронајде кралот од пророштвото.
Доколку мудреците на Матеј навистина тргнале на патешествие за новороден крал, светлата ѕвезда не ги водела – таа само им покажала кога да тргнат. Дополнително, тие не би пронашле новороденче во колибата. Сепак, бебето било 8 месеци старо пред тие да ја декодираат астролошката порака во која верувале дека го предвидува раѓањето на идниот крал. Навестувањето започнало на 17-ти април од 6-та година п.н.е (со тоа што хелијакалното изгревање на Јупитер било тоа утро, следено со негово сокривање од страна на Месечината, некаде на пладне во соѕвездието Овен) и траело до 19-ти декември од 6-та година п.н.е (кога Јупитер престанал да се движи во западна насока, стоел во место за краток момент и започнал да се движи во источна насока, од аспект на фиксираните поздински ѕвезди). Дури и доколку мудреците стигнеле за најкусото време за кое што можеле да пристигнат до Витлеем, тие сепак ќе го нашле Исус на возраст од дете.
Матеј пишувал со цел да ги убеди своите читатели во тоа дека Исус го претставува Месијата од пророштвата. Со дадените астролошки траги во неговото евангелие, тој навистина морал да верува дека приказната за ѕвездата од Витлеем ќе претставува убедувачки доказ за голем дел од неговата публика.
Превод: Бојан Андоновски
Извор: IFL Science