Астрономка која озлогласено не ја доби Нобелова награда за нејзиниот револуционерен пронајдок во астрофизиката беше прогласена како добитничка на наградата Пробивна Физика, која е вредна 3 милиони долари.
Дејм Џослин Бел Барнел е заслужна за пронаоѓањето на првиот пулсар, неутронска ѕвезда која ротира со молскавична брзина, во 1967 год. за време на нејзините постдипломски студии во Универзитетот Кембриџ. Овој пронајдок придонесе за огромна промена на нашето разбирање на вселената.
Иако Нобеловата награда за физика во 1974 год. беше доделена за нејзиното откритие, д-р Барнел не била присутна на доделувањето. Признанието беше доделено на нејзиниот ментор Ентони Хевиш и на астрономот Мартин Рајл, одлука што не им се допадна на астрономите.
Но, денес д-р Барнел е добитничка на Специјалната Награда за Пробивно откритие во Физиката, која и беше врачена за време на „Пробивни Награди“ (Breakthrough Prizes), кои се доделуваат секоја година. Ова е седмата година по ред која се одржуваат и се спонзорирани од Марк Цукерберг, основачот на Facebook и од рускиот милијардер Јури Милнер, покрај останати спонзори. Организацијата денес објави дека таа сама ќе ја прими наградата, како и 3 милиони долари наградна сума, за нејзиното откритие од пред повеќе од пет децении. Таа изјави за BBC дека парите ќе бидат искористени како фонд за стипендии за школување на жени и малцинства.
„Проф. Бел Барнер целосно го заслужува ова признание,“ изјави Милнер. „Нејзината љубопитност, прецизни набљудувања и ригорозни анализи открија еден од најинтересните и најмистериозните објекти во вселената.“
Наградата и беше доделена на почетокот на ноември 2018 во Калифорнија, за време на церемонија каде присуствуваа славни личности, покрај останати признанија како што се Науки на животот (математика), Нови хоризонти (физика) и Нови хоризонти (математика).
Изјавувајќи за IFLScience, д-р Барнел рекла дека била „целосно без зборови“ кога ја известиле дека таа ќе ја добие наградата. „Не го очекував ова, не беше никаде на мојот радар,“ изјавила таа.
Но, таа не е премногу лута што се однесува до доделувањето на Нобеловата награда. По нејзиното откритие таа има добиено многу други престижни награди и почесни докторати, нешто кое таа тврди дека не би се случило ако ја примила најпрестижната награда во науката.
„Јас многу добро поминав иако не ја примив Нобеловата награда,“ изрекла таа. „Бидејки ако добиеш голема награда никој друг не ти доделува ништо друго, бидејки тие сметаат дека не можат да ја израмнат со неа, но ако не ја добиеш, добиваш сѐ останато. Па, повеќе години присуствував на забави поврзани со една или друга награда.“
Д-р Барнел, која во моментот е гостувачки професор по астрофизика во Универзитетот Оксфорд и канцелар на Универзитетот Данди, рекла дека била „крајно збунета“ од првичното откривање на пулсарот, со некои сомнежи дека било предизвикано од некое Земјино попречување.
По некое време тие успеале да ја потврдат автентичноста на ова откритие, и со тоа да се отвори ново возбудливо поле во астрономијата. Сега на нас ни се познати пулсарите како ѕвезди, со големина на еден град, кои можат да направат стотици вртежи во минута, при што испуштаат млазови од зрачење.
Таа сѐ уште ја поседува истата страст кон астрономијата која ја имала и тогаш, и е посебно заинтересирана за транзиенти (краткотрајни, минливи настани) – поле кое се создаде од нејзиното откритие. Овие астрономски појави можат да имаат време-траење од неколку секунди па сѐ до неколку години. Тие се доволно кратки за да можеме да ги проучуваме и да ги набљудување од Земјата, во споредба со многу подолги процеси како еволуција на галаксија кое трае милиони години.
„Јас сум многу, многу заинтересирана за целото поле на транзиенти, да бидам искрена,“ таа изјавила. „Брзите Радио Млазови (БРМ/Fast Radio Bursts – FRB) беа многу возбудливи, но исто така долго време сум заинтересирана за транзиенти. Преплавени сме со воодушевувачки пронајдоци.“
Приказната на д-р Барнел со пропуштањето на Нобеловата награда е приказната која е спорна и го нагласува недостатокот на жени кои добиле Нобелова награда. Жените остануваат со недоволно ниво на застапеност дури и денес, со само 49 жени добитници споредено со 847 мажи добитници; исто така ниту една жена нема добиено Нобелова награда од 2015год. Поради тоа најновата Пробивна Награда се смета дека ќе донесе насмевка на лицата на многу астрономи, иако д-р Барнел не е самата вознемирена од настаните кои се случиле пред неколку децении.
„Јас мислам дека добро се снајдов иако не ја добив Нобеловата Награда,“ рекла таа. И три милиони долари велат дека таа е веројатно во право.
Превод: Дејана Маркова
Извор: IFLScience