Аполо 12 низ слики: Фотографии од втората мисија на НАСА за слетување на Месечината

0

На 21 јули 1969 год. било првото човечко слетување на Месечината. Еден ден пред тоа ви претставуваме 12 слики од второто слетување на луѓе на Месечината т.е. Аполо 12.

Мисијата Аполо 12 на НАСА испратила тројца астронаути на Месечината во Ноември 1969 година и го направила второто слетување на Месечината со екипаж во историјата.

Во септември 1969 год., астронаутите (од лево) Чарлс Конрад II, Ричард Ф. Гордон II Алан Л. Бин биле назначени од НАСА за главен екипаж во мисијата Аполо 12 за слетување на Месечината.

Припремите на 6ти октомври 1969 година, астронаутот Чарлс Конрад II, командир (свртен со лицето накај камерата) и астронаут Алан Л. Бин, управувачот со лунарниот модул – двајца астронаути од екипажот на мисијата Аполо 12 за слетување на Месечината – со симулација преку земање на примероци и фотографирање на истите вежбаат работа надвор од вселенското летало, т.е. месечевата површина. Вежбата е изведена во зградата за тренинг на екипажот за летање која се наоѓа во Вселенски Центар Кенеди.

Оваа слика го покажува патот на површината на месечината по кој се одвивала мисијата Аполо 12 во ноември 1969 година.

Во Базата на Воздушните Сили во Елингтон, на 25ти октомври 1969 година, астронаут Чарлс Конрад II, командирот на мисијата Аполо 12, учествува во симулирано летање користејќи Возило за Тренинг на Лунарно Спуштање (ЛЛТВ). Екипажот на мисиите Аполо го користат ЛЛТВ при вежбање техники за слетување на Месечината.

Флегстаф, Аризона, 10ти Октомври 1969 година, астронаутите Чарлс Конрад II и Алан Л. Бин, учествуваат во тренинг вежба за престојната мисија Аполо.

Како што доаѓаат на симулираната површина, астронаутите носат и камери на нивните тела за снимање на површината. Конрад, од лево, носи алати, а Бин носи контејнер за алати сличен на оној што бил дизајниран за активностите што се изведувале на површината на Месечината во периодот 19-20 ноември 1969 година. За време на одвивање на активностите на Месечината, Ричард Ф. Гордон Помладиот, управувачот со командниот модул останал внатре во модулот орбитирајќи околу Месечината.

На 8ми септември 1969 година, вселенското возило на Аполо 12 – составено од Леталото 108, Лунарниот Модул 6 и ракетата Сатурн 507 – се поставува на Комплексот за Лансирање во Вселенскиот Центар Кенеди. Астронаутите Чарлс Конрад II, командир; Ричард Ф. Гордон II, управувачот со командниот модул и Алан Л. Бин, управувачот со лунарниот модул се екипажот на мисијата Аполо 12, втората мисија за слетување на Месечината.

Во Вселенскиот Центар Кенеди, во Зградата за Тренинг на Екипажот на Летање, астронаутите учествуваат на уште тренинг на 6ти октомври 1969 година. Астронаутите Чарлс Конрад II (десно), командир; и Алан Л. Бин управувачот со лунарниот модул, изведуваат симулација преку фотографско истражување на беспилотното летало Истражувач 3, кое било поставено на месечината од aприл 1967 година. Наоѓање, проучување и носење назад на земјата материјали од Истражувач 3 за научни истражувња е значајно за мисијата Аполо 12.

Тројцата членови на екипажот од мисијата Аполо 12 учат за искочување во вода пред да почне тренингот. Заедно со астронаутите Ричард Ф.Гордон II, управувачот со командниот модул, Чарлс Конрад II, командир и Алан Л. Бин управувачот со лунарниот модул, учествуват и некои други лица задолжени за вежбата.

Астронаутот Алан Л.Бин, управувачот на лунарниот модул, прицврстен на гравитциски симулатор, се подготвува за престојната мисија Аполо 12.

На 14ти ноември 1969 година, главниот екипаж на мисијата Аполо 12 – астронаут Чарлс Конрад II, командир, следен од астронаутите Ричард Ф. Гордон II, управувачот со командниот модул и Алан Л. Бин управувачот на лунарниот модул, ја напуштаат зградата за маневрирање со летала на Вселенскиот Центар Кенеди. Како што започнува одбројувањето до самото лансирање, екипажот сместен во транспортно возило патува до комплексот за лансирање каде се наоѓа леталото. Леталото на мисијата Аполо 12 беше лансирано во 11:22(EST) со што зпочна втората мисија на Соединетите Американски Држави за слетување на Месечината.

Од комплексот за лансирање 39А на Вселенскиот Центар Кенеди, вселенското возило на мисијата Аполо 12, високо 110 метри, составено од леталото 108, лунарниот модул 6 и ракетата Сатурн 507, беше лансирано на 14ти ноември 1969 година со што започна втората мисија на Соединетите Американски за слетување на Месечината. Главниот екипаж на мисијата Аполо 12 беше составен од астронаутите командир Чарлс Конрад II, Ричард Ф. Гордон II, управувачот на командниот модул и Алан Л. Бин управувачот на лунарниот модул.

Превод: Христина Милошевска

Извор: Space

Сподели.