Активна егзосфера околу Месечината

0

Нашиот природен сателит, Месечината, нема атмосфера каква што постои на Земјата, но има т.н. егзосфера. Поради тоа, метеорите не можат да изгорат пред да паднат на нејзината површина, па таа мора да ги претрпи ударите од сите метеороиди коишто паѓаат на неа. Уште пред неколку години, научниците докажале дека тенок слој на прашина постојано се движи над површината на Месечината. Тоа се нано-облаци од прашина кои се состојат од зрнца со големина 20-30 милионити дел од милиметарот. Тие се наоѓаат како на површината на Месечината, така и над неа, се до 50 км височина, па дури и над тоа.

Докажано е дека и други небесни тела без атмосфера поседуваат ваква врска прашинести облаци. Сондата LADEE која во 2013 и 2014 година кружела околу Месечината, открила до 300 нанометри големи зрнца од реголит, како што се нарекува прашината на Месечината, кои во асиметричен облак се движат околу неа.

Сондата LADEE можела да изврши уште поточни мерења со својот спектрометар во виолетовата и ултравиолетовата област, каде што се регистрирани светлински сигнали кои потекнуваат од прекршување на светлината од ситните честички. На овој начин е одредена големината на овие делчиња во нанометарски големини. Се смета дека овие делчиња се нашле на висина од 50 километри после ударот на некој од метеоридите.

Количината на овие делчиња изнесува 5 милиони по метар квадратен, но овој број расте четирикратно секоја година во јануари, кога се појавува метеорскиот дожд Квадрантиди. Сликата долу ја прикажува сондата LADEE во орбитата околу Месечината.

http://i.imgur.com/VYhQNlI.jpg

Уметничка претстава за сондата LADEE

Превод: Александра Бошкова

Извор: Astronomski Magazin

Сподели.