И покрај тоа што нашето астрономско знаење се зголемува секој ден, сеуште немаме доказ за постоење на живот надвор од Земјата и покрај тоа што очигледно има огромен број на планети, а и вода не недостасува. Изненадувањето и фрустрацијата од нашата неспособност да детектираме вонземски живот се содржи во Фермиевиот парадокс: Ако условите за живот се толку чести во Универзумот, тогаш каде се сите?
Сепак можеби се ближи денот кога ќе најдеме доказ за постоење на вонземски живот. Со откритијата на потенцијално населливи планети, започнуваат и нови мисии чија цел е токму детекцијата на живот надвор од планетава па можно е многу скоро да го најдеме толку очекуваниот доказ. Еве некои од главните области преку кои ќе се води потрагата:
Радио сигнали
Првите трагања за вонземјани датираат уште од 19-ти век. Тогаш надежите за наоѓање други живи суштества паѓаа на планетите во нашиот Сончев систем и детектирање на пораки во радио брановото подрачје. Потрагата за вонземска интелигенција – Search for Extraterrestrial Intelligence (SETI) е веројатно најпознатата организација посветена на проучување електромагнетните бранови во потрага по сигнал од вонземјани. Најголем дел од нивните напори се насочени кон анализа на радио брановите со надеж за пронаоѓање на сигнал од чисто вештачко потекло. Притоа набљудуваат илијадници ѕвезди во нашиот систем, но засега без успех.
Сега засега има само една детекција на сигнал (но не од страна на SETI) која не може да биде објаснета како природен феномен. Неговото потекло е сеуште нејасно. Мистериозниот сигнал е познат и како „Wow!” сигнал. Тој дојде од подрачје на небото без ѕвезди и планети, но повеќе не беше детектиран и покрај интензивни набљудувања во таа област.
Едноставни форми на живот во Сончевиот системПрограмата Викинг во 1970 година е првата мисисја на Марс на која потрагата по живот е една од примарните научни цели на мисијата. Иако не дојде до јасни докази за живот, по неа следуваа мисии во кои беше откриена можноста за постоење на живот некогаш во минатото на Марс. Со откривањето на сезонските движења на водата на Марс, како и на замрзнатите океани на Европа и Енцеладус, се повеќе мисиите се насочени кон барање на живот надвор од нашата планета. ExoMars, заедничката програма на Европската и Руската вселенска агенција која треба да се лансира во 2018 година, ќе има за задача да бара т.н. „биопотписи“ во атмосферата и почвата. За истражувања на океаните на Европа ќе мора да чекаме иако НАСА подготвува ново летало за Европа. Сепак, автономна проба која ќе може да ја пробие ледената кора на океаните на Европа и на Енцеладус, се чини дека засега е надвор од нашите можности.
„Биопотписи“ во атмосферите на планетитеПоминале само 20 години од откритието на првата егзопланета, а сега знаеме за повеќе од 2000 планети надвор од нашиот Сончев систем. Со оваа динамика на откривање на нови планети се повеќе научници мислат дека првиот знак за живот ќе дојде преку детектирање на биолошки или вештачки хемикалии во атмосферите на далечните светови.
Тим научници од Америка во 2014 година развил метод со кој би можел да детектира присуство на фотосинтетски растенија на егзопланета. Методот се состои во користење на хетеродимери на О2 (поврзани заедно од интрамолекуларни сили) како знак за живот, бидејќи тие можат да се формираат само во атмосфери богати со кислород и нормален притисок.
„Атмосферите на егзопланетите може да содржат низа знаци кои може да индицираат живот или пак да укажат на постоење услови за живот, во случај тој да се појави.“ – вели Д-р Луиса Престон, астробиолог. „Ако на пример детектираме H2O, тогаш еден од трите клучни фактори за живот е присутен на таа планета. Ако детектираме и О2 тогаш тоа го нарекуваме биопотпис“.
На Земјата кислородот го произведува живиот свет и тој е присутен во нашата атмосфера само како резултат на постоењето на живиот свет.
Метанот е исто така интересна опција. Иако на Земјата може да биде произведен како од биолошки така и од абиотички процеси, тој може да даде значајни насоки за постоење услови за живот на една планета. Комбинација наИ покрај тоа што нашето астрономско знаење се зголемува секој ден, сеуште немаме доказ за постоење на живот надвор од Земјата и покрај тоа што очигледно има огромен број на планети, а и вода не недостасува. кислород, метан и озон на друга планета би било многу возбудливо откритие.
Отпадни продукти од технологија
Напредокот во технологијата на една цивилизација според кардашеевата скала се смета дека е пропорционален со нејзините енергетските потреби. Без оглед на тоа колку се внимателни, употребата на енергија создава отпадни продукти како на пример прекумерно ослободување на топлина, кои некои телескопи како Colossus можат да ја детектира. На сличен начин би можеле да детектираме вештачко осветлување во ноќните часови на далечни планети. Спектрографските анализи на атмосферата на планета би можеле да покажат и соединенија карактеристични за индустрискиот отпад.
„Постои идеја дека еден ден би можеле да детектираме и директна интервенција на вонземската цивилизација во нивната атмосфера како присуството на CFC (хлорофлуоројаглероди) – аеросолот одговорен за осиромашување на озонскиот слој. Овие не се случуваат по природен пат па нивно пронаоѓање би било огромно откритие.“ – вели Д-р Престон.
Напредни технологии
Вонземските цивилизации би можеле да се понапредни од нас до тој степен што користат технологии за комуникација кои ние не можеме ниту да ги детектираме. Научниците споменуваат технологии кои се засноваат на гама зраци, на неутрина и на гравитациски бранови. Гама зраците овозможуваат трансфер на голема количина на податоци за пократко време од традиционалните методи. Технологија која ќе го овозможи ова е моментално во развој. Вештачки емитувања на неутрина и гравитациски аномалии можеби ќе бидеме во состојба да детектираме за десет години, но идентификувањето на суптилните разлики во овие сигнали се чини ќе бидат надвор од опсегот на нашите можности. Секако се е ова само шпекулација. Ако навистина постојат, којзнае како тие комуницираат.
Вонземјаните и капитализамот
Треба да имаме во предвид и дека вонземјаните можеби не емитираат многу сигнали. И ние самите преку употреба на сателитска и кабелска комуникација значајно ги намаливме радио-сигналите кои ги емитираме во Вселената. И тие можеби го направиле истото како и нас, за заштеда на енергија и на пари.
Речиси секогаш размислуваме во насока дека вонземјаните се многу поразлични од нас. Но можеби не е така, можеби наликуваме многу повеќе од тоа што мислиме.
Можеби сите само чекаме и слушаме, а никој не зборува.
Превод: Милан Велков
Извор: IFL Science