Необјаснети 18 работи во науката – 1 дел

0

Може да се истакне дека науката и научниците имаат значајна улога во развојот и унапредувањето на човечката врста. Науката отиде до неверојатни висини, каде денес се наоѓаме пред ерата на откритија од типот на “божји честици”, мистериозни квантни полиња, генетички инженеринг и слични научни дисциплини.

Но, и покрај тоа, науката за некои работи се уште нема одговор. Овде ќе стане збор за некои работи, за кои научниците денес едноставно немаат решение:

1. Плацебо ефект

Ова не го правете дома. Неколку пати дневно, неколку дена, индуцирајте болка кај некого. Контролирајте му ја болката со морфијум до последниот ден од експериментот, а потоа, заменете го со солен раствор, За чудо, растворот му ја ублажува болката, исто како и понатаму да употребувате морфиум.

Credits: realitypod.com

Заслуги: realitypod.com

Ова е плацебо ефект. Кога Фабрицио Бендети од Универзитетот во Торино, на овој експеримент додал мешавина од налоксон со раствор (лек кој го блокира дејството на морфиумот), растворот ги изгубил сите благотворни ефекти. Што всушност се случува? Според Бендети, една работа е јасна – мозокот може да влијае на телесната биохемија. Односот помеѓу очекувањата и терапевтскиот исход е прекрасен модел за проучување на интеракцијата помеѓу умот и телото. На научниците им преостанува да откријат кога и каде плацебото делува, но, засега, ова прашање останува неодговорено.

2. Проблем со хоризонтот

Нашата Вселена се чини дека е насекаде еднолична. Ако се погледне од едниот крај на Вселената до другиот, ќе се забележи завеса од микробраново позадинско зрачење, која ја прекрива целата вселена. Ова се сложува со теориите, решенијата, кои го опишуваат создавањето на Вселената. Но, проблемот се појавува кога ќе ја погледнеме неверојатната температурна униформност на позадинското зрачење. Ова можеби и не изгледа на прв поглед чудно, се додека не се се земе во обзир дека двата раба на видливата вселена се оддалечени едно од друго речиси 156 милијарди светлосни години, а нашата Вселена е стара само 14 милијарди години. Ништо не може да патува со брзина поголема од брзина на светлината, односно, не постои начин топлинското зрачење да пропатува до двата хоризонта на начин на кој ќе ги изедначи топлите и ладните подрачја создадени со Биг Бенгот.

Заслуги: Caltech

Заслуги: Caltech

“Проблемот на хоризонтот” е голем проблем за космолозите, што дури влијаел на теоријата за настанокот на Вселената и ги натерал на неколку доста чудни решенија.

Еден од примерите е “инфлацијата”. “Проблемот на хоризонтот” може да се реши, така што, вселената ќе се прошири многу брзо, веднаш по самиот Биг Бенг, “надувувајќи“ ја со ред големината 1078 внатре во 10-38 секунди. Засега, експерименталните податоци се поклопуваат со предвидувањата на самиот модел на инфлација, но никој не знае поради што би можело да дојде до самата инфлација.

“Инфлацијата”, иако претставува решение за “Проблемот на хоризонтот”, со самото свое постоење отвара нови прашања, односно, ги материјализира новите космолошки проблеми. Значи, едноличноста на температурата на микробрановото позадинско зрачење и понатаму претставува аномалија.

Извор: Znanost

Превод: Петар Ивановски

Сподели.