Научниците од МИТ (Massachusetts Institute of Technology) со анализирање на податоците добиени од мисијата Кеплер 2 (К2) на НАСА откриле многу егзопланети сместени меѓу 50 000 ѕвезди.
Тие известуваат за октритието на околу 80 нови планети кандидати, вклучувајќи важна планета која орбитира околу ѕвездата HD 73344 која би била најсветлата планета откриена од страна на К2 мисијата.
Планетата орбитира околу ѕвездата HD 73344 за 15 дена и базирано на количеството светлина што го блокира секој пат кога поминува пред ѕвездата, научниците проценуваат дека оваа планета е околу 2.5 пати поголема од големината на Земјата и 10 пати помасивна од неа. Таа се одликува со доста висока температура, која се движи во опсег од 1200 до 1300 степени Целзиусови – прилично колку температурата на вулканска лава.
Планетата се наоѓа на растојание од 35 парцеси, или околу 114 светлосни години од Земјата. Со оглед на близината и на фактот што орбитира околу многу светла ѕвезда, научниците веруваат дека оваа планета е идеален кандидант за понатамошно истражување со цел да се одреди нејзиниот атмосферски состав како и други карактеристики.
“Сметаме дека оваа планета би била помала, потопла верзија на Уран или Нептун”, вели Јан Кросфилд, асистент професор по физика во МИТ, кој ја предводи студијата со студентката Лианг Ју.
Новата анализа е исто така значајна поради брзината со која е изведена. Со помош на брзо пребарување низ светлински графикони за секоја од набљудуваните ѕвезди во оваа мисија, направена е брза идентификација на планетите и објавување на податоците само две недели откако тие станале достапни за истражувачите. Типична анализа од овој вид трае од неколку месеци до една година.
Според Кросфилд, ваквата брза потрага по планети им овозможува на астрономите да ги набљудуваат планетите со телескопи од Земјата многу побрзо, давајќи им шанса да се запознаат со нив пред Земјата да го помине набљудуваниот дел од небото.
Таквата брзина би била неопходна кога научниците ќе почнат да примаат податоци од телескопот TESS, кој е дизајниран за откривање егзопланети.
Тимот ги анализирал податоците од 16-та и 17-та набљудувачка кампања на К2, познати како С16 и С17. За време на секоја кампања, К2 набљудувал дел од небото за период од 80 дена. Телескопот е поставен на орбита што ја следи Земјата додека таа орбитира околу Сонцето. За повеќето други кампањи К2 ги набљудува оние ѕвезди кои се наоѓаат назад или суштински кажано во ретровизорот.
Бидејќи телескопот патува зад Земјата, набљудуваните ѕвезди обично не се видливи за научниците се додека планетата не орбитира повторно околу Сонцето до набљудуваниот дел на небото, речиси една година подоцна. Затоа Кросфилд за овие кампањи кои траат подолго време има помалку мотивација за брза анализа на податоците од К2.
Од друга страна, согласно кампањите С16 и С17, К2 ги набљудува оние ѕвезди пред телескопот и во рамките на видливото поле на Земјата за наредните неколку месеци. Кросфилд, Ју и останати нивни колеги го искористиле ова како можност за забрзување на вообичаената анализа на податоците на К2, за да им овозможат на астрономите побрзо набљудување на планетите кандитати пред да ги помине Земјата.
Во текот на С16, К2 набњудувал 20,647 ѕвезди,помеѓу 7 декември 2017 и 25 февруари 2018. На 28 февруари се објавени податоци во форма на слики на ниво на пиксели до астрономската заедница.Со користење на алгоритми развиени на МИТ бројот од 20 000 ѕвезди е намален на 1000 ѕвезди кои се поважни за понатамошни истражувања.
Преку деноноќна работа на тимот и набљудување на овие 1000 ѕвезди со голо око со цел да се најде сигнал или трага од постоечка планета, откриени се 30 квалитетни планети кандидати.
“Нашето искуство со податоците од четирите години на мисијата K2 нè води да веруваме дека повеќето од нив се навистина вистински планети, подготвени за да бидат потврдени или статистички валидни”, пишуваат истражувачите во својот весник.
Идентификувани се сличен број на планети кандидати во неодамнешната С17 анализа. Покрај ова, избрани се стотици периодични сигнали кои би можеле да бидат одлики на астрофизички феномени како што се пулсирачките или ротирачките ѕвезди и барем една супернова во друга галаксија.
Додека природата на ѕвездата обично не се менува во текот на една година, Кросфилд вели дека што побрзо истражувачите го следат можниот транзит на планетата, толку е поголема шансата да се потврди дека планета навистина постои.
“Сакате повторно да ги набљудувате (кандидатите) релативно брзо за да не го изгубите транзитот целосно”, вели Кросфилд. “Можеби ќе кажете дека постои планета околу таа ѕвезда, но повеќе не знам кога ќе се случи транзит. Тоа е уште една мотивација за побрзо следење на овие работи”.
По објавување на резултатите, потврдени се четири планети кандидати за дефинитивни егзопланети. Астрономите и понатаму ги набљудуваат остантите планети кандидати, вклучувајќи ја и планетата која орбитира околу ѕвездата HD 73344. Според Кросфилд, осветленоста на оваа ѕвезда во комбинација со брзината со која е идентификувана планетата кандидат, може да им помогне на астрономите што побрзо да го пренасочат нивното внимане на уште поспецифични карактеристики на овој систем.
“Најдовме една од највозбудливите планети што К2 ги има пронајдено во целата нејзина мисија, а ние го направивме тоа побрзо отколку што било направено досега”, вели Кросфилд . “Ова ja покажува насоката за тоа како мисијата на TESS ќе го прави истото во следните неколку години”.
Превод: Цветанка Мачавеловска
Извор: Phys.org