Американската вселенска агенција објави дека планира лансирање на првиот хеликоптер на Марс во 2020 година – минијатурно и беспилотно летало кое може да го унапреди нашето разбирање за црвената планета.
Уредот, познат едноставно како „Хеликоптерот на Марс“, тежи помалку од 2 килограми, а главниот дел од телото кое само го носи горивото е широко околу 20 сантиметри. Хеликоптерот ќе биде прикачен на дното на Марс 2020 роверот, робот со тркала чија цел e да ја одреди населивоста на животната средина на Марс, да бара знаци за древен живот и да ги процени природните ресурси и опасностите за идни човечки истражувачи. Марс 2020 е планиран за лансирање во јули 2020 година, додека неговото слетување на Марс е очекувано во февруари 2021 година.
“Идејата за хеликоптер кој лета на небото на друга планета е возбудливо.”, изјави администраторот на НАСА Џим Бриденстин. Ниту една држава досега не летала хеликоптер на Марс.
Тенка Атмосфера
Зафатот започна во август 2013 како технолошки-развоен проект во Лабораторијата за Млазен Погон на НАСА. За да се лета во атмосферата на Марс, хеликоптерот мора да биде екстремно лесен со што поголема моќност. Рекордот за постигната надморска височина од хеликоптер на Земјата е 12.000 метри. Атмосферата на Марс е само 1% од атмосферата на Земјата, па кога хиликоптеорот се наоѓа на површината на Марс е исто како да се ноаѓа на 30.500 метри надморска височина на Земјата.
Инжинерите го изградиле хеликоптерот со двојни контра-ротирачки сечила кои ротираат 3000 пати на минута, соларни ќелии за полнење на неговите литиум-јонски батерии и механизам за греење преку ладните марсовски ноќи. Хеликоптерот е дизајниран за да се контролира од Земјата.
Се прават планови за 30-дневен тест лет, со пет летови кои ќе го носат хеликоптерот се повисоко до неколку стотина метри. Првиот лет ќе биде на височина од 3 метри и проследен со 30 секунди лебдење. НАСА ја гледа оваа технологија како демонстрација од висок ризик, но со висока награда.
Ако мисијата биде успешна, тоа би можело да биде потенцијален модел за идните мисии на Марс, кои би можеле да пристапат до места каде што роверите не можат. Ако не е успешна, тоа нема да влијае на мисијата Марс 2020.
„Способноста да се види што има после ридовите е многу важна за идни истражувачи“, рече Томас Зурбухен од НАСА.
“Веќе имаме прекрасни глетки од Марс на површината, како и од орбитата. Со додадената димензија на птичјата перспектива од така наречениот „marscopter“, можеме да ги замислиме постигнувањата на идните мисии.”
Превод: Марко Вељановски
Извор: Phys