Со помош на инструмент од телескопот VLT (Very Large Telescope) во Чиле, научниците од Државниот институт за технологија во Цирих (ETH Zurich) ги набљудуваа дисковите од кои се создаваат планети околу младите ѕвезди слични на Сонцето од пред 4.5 милијарди години. За чудо, дисковите се мошне различни.
Инструментот што беше делумно развиен и изграден од Државниот институт за технологија во Цирих (ETH Zurich), стана необично успешен во проучувањето на тукушто родените ѕвезди, сè уште опколени со гас и прашина. Овие дискови се познати како протопланетарни дискови, кои се наоѓаат околу т.н. TTauri ѕвезди – претходници на нашето Сонце, како и околу помасивните групи на ѕвезди наречени Herbig Ae/Be ѕвезди. Досега, астрономите повеќе се фокусираа на Herbig Ae/Be ѕвездите во нивните истражувања, но со новата програма DARTTS-S (Disks Around TTauri Stars with SPHERE), Хенинг Авенхаус и Саша Кванц, членови на NCCR PlanetS at ETH Zurich, може да ги користат способностите на SPHERE за да започнат истражување посветено на дисковите на Ttauri.
Резултатите за првите 8 ѕвезди беа објавени во списанието Astronomical Journal. „Не можевме убаво да ги набљудуваме сите 8 дискови. “, заклучи Хенинг Авенхаус, „но тие необично изгледаа различно.“ Додека едните можеа да се детектираат на радиус од 80 а.е. (80 пати од растојанието Сонце – Земја, односно двојно просечно растојание Сонце – Плутон), за другите на растојание од вчудовидувачки 700 а.е. „беше откриено дека повеќето од дисковите формираат прстени – феномен познат уште од претходните набљудувања на помасивните ѕвезди.“, објасни Саша Кванц. „Како и да е, никој од нив не претставуваат спирални структури, што, пак, е феномен кој често се забележува кај Хербиг дисковите.“ Најважното прашање во моментов е од каде и од што потекнуваат овие разлики и што значи тоа за создавањето на планети околу различни типови ѕвезди.
Тежок почеток
И покрај успешноста на проектот, тој започна со лош почеток, како што Хенинг Авенхаус се сеќава: „Додека првиот предлог за да се спроведе низа набљудувања беше напишан во март 2013, неочекувани работи, коишто требаше да се спроведат на инструментот, го оневозможија собирањето на податоци.“ Истото се случи и неколку месеци подоцна, во септември 2013-та. Повторно, инструментот беше недостапен. Во март 2015, Хенинг Авенхаус заклучил дека инструментот – NACO имал дефект ноќта пред планираниот ден за спроведување на набљудувањата. Исто така, важно е и дека во секој случај ветерот и облаците ќе го направеа набљудувањето невозможно.
Од оваа точка, тимот одлучи да се префрли на нов инструмент – SPHERE, кога, всушност, ги закажаа првите набљудувања за март 2016. Овојпат, сè одеше по планот. И инструментот и времето едновремено се погодија, како што Хенинг Авенхаус се сеќава: „Се најдов на ридот Паранал, работејќи со часови на спроведување на набљудувањата, повремено заменувајќи ја работната соба со местото каде што беше поставен телескопот, восхитувајќи се на прекрасните ѕвездени глетки.“
„Создадената база на податоци ја покажува важноста на SPHERE во набљудувањата, значително зголемувајќи го бројот на планетарни расадници.“, заклучи Саша Кавнц. Се очекува идните резултати од DARTTS-S програмата и слични набљудувања со радио телескопот ALMA во Чиле да придонесат за ова.
Превод: Матеј Пислевски
Извор: Phys