Откриени сигнали од првите ѕвезди настанати додека Вселената била многу млада

0

Во Западна Австралија, земна антена открила доказ за најраните познати ѕвезди, кои ја осветлиле новонастанатата Вселена, обвиена во темнина по нејзиното создавање во Големиот Прскот (Big Bang).

Научниците пред неколку недели објавија дека слабите сигнали од водороден гас забележани со антената упатуваат на присуство на ѕвезда од некои 180 милиони години по Големиот Прскот, кој се случил пред 13.8 милијарди години, кога Вселената имала помалку од 2% од сегашната старост.

Водородот и тогаш бил најзастапен елемент, како што е и сега. Иако овие рани ѕвезди не се директно забележани, ултравиолетовото зрачење кое го емитирале ги измениле својствата на околниот водороден гас, доведувајќи го водородот да аспорбира позадински радио бранови од дополнителниот сјај на Големиот Прскот и со тоа да се овозможи откривањето.

Астроном од државниот универзитет Аризона изјави дека набљудувањата ги потврдуваат очекувањата кога се појавиле раните ѕвезди. Според него, овие ѕвезди се разликувале од денешните поради фактот дека тие настанале од изворниот првобитен гас, настанат по Големиот Прскот. Гасот бил во целост составен од водород и хелиум. За разлика од тогаш, речиси сите подоцна формирани ѕвезди настанале од гас кој бил збогатен со тешки елементи од периодниот систем, како јаглерод и кислород. Се претпоставува дека првите ѕвезди биле многу помасивни и пократкотрајни и имале сина боја.

Откритието не го исклучува и тоа дека некои ѕвезди може настанале дури и порано, но сега се мисли дека тие настанале пред околу 180 милиони години.

Радиобрановите упатуваат на тоа дека Вселената била веројатно двапати поладна отколку што порано се мислеше, – 270 Целзиусови степени.

Радиоастрономот од опсерваторијата Хајстак, од Институтот за технологија на Масачусетс, смета дека тоа може да се објасни со меѓусебно делување помеѓу гасот и темната материја.

Темната материја е таинствена работа, која не емитира светлина или енергија и се претпоставува дека опфаќа околу 1/4 од вкупната маса и енергија, но досега не е директно набљудувана. Научниците веруваат дека таа постои врз основа на гравитациските делувања кои изгледа дека таа ги има врз галаксиите.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Znanstveni.net

Сподели.