Повеќе од 58 години се поминати откако Спутник 1 стана првиот вештачки сателит кој орбитирал околу Земјата. Лансиран од Советскиот Сојуз на 4-ти октомври 1957, Спутник 1 се состоел од сфера со пречник од 58 сантиметри (23 инчи) со четири радио антени – и тоа е тоа.
Во споредба со врвно софистицираните сателити кои орбитираат денес, вклучувајќи ги и вселенскиот телескоп Хабл и Меѓународната Вселенска Станица, Спутник 1 не изгледа како нешто за восхит. Но, овој сателит им дал на научниците клучни информации за погорните слоеви на Земјината атмосфера, кои придонеле за летовите после него.
По тој октомвриски ден во 1957, вселенските агенции и приватни компании насекаде низ светот имаат лансирано илјадници вештачки сателити во Земјината орбита, како и во орбитите на подалечни светови како Јупитер, Сатурн, Плутон и понатаму. Како што технологијата продолжува да напредува, големината и софистицираноста на нашите вселенски инструменти исто така ќе напредуваат.
Погледнете ја оваа илустрација на која е прикажано како еволуирале најпознатите научни сателити низ историјата, почнувајќи од Спутник 1, преку Касини, Вселенскиот телескоп Хабл, па сè до Меѓународната Вселенска Станица (МВС):
Превод: Јоаким Јаковлески
Извор: Business Insider