Тешките елементи можеби биле создадени како последица на проголтувањето на неутронските ѕвезди од страна на црни дупки

0

Тим од истражувачи на Калифорнискиот универзитет предложи нова теорија околу настанувањето на тешките елементи, како металите. Тимот ја објаснува нивната теорија во статија во списанието Physical Review Letters. Теоријата ја опфаќа идејата за приморидијалните црни дупки, кои ги напаѓале јадрата на неутронските ѕвезди и ги јаделе ѕвездите однатре кон надвор.

Тешките елементи можеби биле создадени како последица на проголтувањето на неутронските ѕвезди од страна на црни дупки

Моделот на сликата прикажува како неутронска ѕвезда со брза ротација е проголтана однатре од страна на мала црна дупка. Заслуги: APS/Alan Stonebraker, via Physics

Астрономите и сите научници во таа област со сигурност тврдат дека нашле објаснувања за потеклото на полесните елементи, но уште се двоумат околу настанокот на потешките. Досегашните теории укажуваат дека најверојатно настанале за време на она што истражувачите го нарекуваат r-process (брз процес). Како дел од процесот голем број неутрони биле подложени на висока густина, резултирајќи со заробување на атомските јадра, што е јасно дека е екстремна средина. Првиот кандидат кој би ни паднал на памет за формирање на таква средина е суперновата, но се чини дека има многу малку од нив за да ги објаснат количините на тешки елементи кои постојат. Сепак, со нови напори, истражувачите дојдоа до нова идеја. Тие велат дека приморидијалните црни дупки (анг. PBHs) се случува повремено да се судрат со неутронска ѕвезда и да останат заглавени во нејзиното јадро, за потоа да почнат да извлекуваат материја од центарот на ѕвездата.

Приморидијалните црни дупки сега засега нормално дека се само теорија. Се верува дека се формирани кратко после Големиот Прскот (Big Bang). За нив исто се претпоставува дека можат да се движат низ галаксиите а и дека можеби се поврзани со темната материја. Според новата теорија, ако црна дупка од овој тип се судри со неутронска ѕвезда, таа ќе се позиционира во јадрото и ќе почне да влече неутрони и друга ѕвездена материја. Тоа ќе предизвика ѕвездата да почне да се врти со многу голема брзина, при што ќе го исфрли целиот свој материјал однатре во Вселената. Истражувачите сметаат дека исфрлениот материјал ќе овозможи средина која ќе ги исполни условите на брзиот процес што ќе доведе до создавање на тешките метали.

Теоријата претпоставува дека приличен број од тие судири се можни и се случиле, како и дека мал дел од темната материја е составена од црните дупки. Но, исто така, таа нуди и начини за собирање на докази кои потврдуваат дека е точна, преку анализирање на мистериозните изливи на радиобранови кои би можеле да потекнуваат од имплозија на неутронски ѕвезди откако нивната внатрешност била испиена од страна на црна дупка.

Превод: Давид Симоновски

Извор: Phys

Сподели.