Феноменот, наречен „бело виножито“ или „лак од магла“ (анг. fog bow) е природен атмосферски феномен сличен на виножитото, бидејќи се создава поради прекршување на светлината низ капки вода, но, за разлика од него, се појавува во магла. Карактеристичната бела боја ја добива поради тоа што капките вода кои ја создаваат маглата се многу помали од капките дожд, а, исто како и виножитото, секогаш се појавува на спротивна страна од Сонцето. Подетално за овој феномен може да прочитате овде.
Член на Скопското Астрономско Друштво овој јануари успеа да го забележи овој феномен на патот Куманово-Велес и да направи неколку фотографии за да го сподели несекојдневното искуство со нас. Пред неколку години, уште еден член на Друштвото исто така направи фотографија од бело виножито, но во Финска.
Уживајте во новите фотографии: