Елон Маск ги открива деталите од неговиот план за колонизација на Марс

0

Елон Маск ни ги претстави новостите околу своите планови за колонизирање на Марс во типичен стил, искажувајќи прилично грандиозни цели и амбициозен план за стигање до таа точка.

Елон Маск ги открива деталите од неговиот план за колонизација на Марс

Како би изгледал Марсовскиот град на Маск. Заслуги: SpaceX

Генералнот директор на SpaceX откри нови детали во говор одржан на Меѓународниот Астронаутски Конгрес во Аделејд, Австралија. Ова беше обновување  на истиот говор од минатата година, каде што Маск ја откри неговата голема нова ракета која сака да ја користи за да го колонизира Марс (Интерпланетарниот Транспортен Систем или ИТС).

Овојпат називот ИТС беше забележливо неприсутен, но сонот е сè уште тука. Маск сега ја нарекува ракетата BFR (Big F*cking Rocket), според оригиналниот прекар. Сега идеата е BFR да биде главниот фокус на SpaceX и вели дека првото лансирање ќе биде во 2022, а со човечка експедиција во 2024.

Елон Маск ги открива деталите од неговиот план за колонизација на Марс

Маск, како и секогаш, го задржува вниманието на публиката. Заслуги: SpaceX

„Сакаме да ги направиме нашите сегашни возила редундантни,“ вели Маск. BFR би ги заменила сегашните Фалкон 9, Драгон и Фалкон Хеви возила на SpaceX. Како минатата година, крајниот план останува на тоа да се пренесат по 100 луѓе со една BFR на една тура до површината на Марс. Големото возило, налик на шатл,  се лансира со погон за повеќе користења од Земјата и потоа може да слета на Марс. Со повеќе лансирања, Маск има визија за основање на Марсовски град.

Исто така, се покажуваа снимки во функција од Раптор, кој ќе биде новиот ракетен мотор за BFR кој го развива  SpaceX. Покажаа еден мотор како гори 40 секунди, времето потребно за слетување на Марс. BFR ќе користи 31 од овие мотори.

Елон Маск ги открива деталите од неговиот план за колонизација на Марс

Публиката се смееше кога ја виде споредбата на големини помеѓу BFR и Меѓународната Вселенска Станица. Заслуги: SpaceX

Големата критика на минатата година беше во врска со финансирањето. Како SpaceX ќе си го дозволи овој зафат, креацијата на најголемата ракета во историјата? Маск го адресираше тоа овојпат, забележувајќи дека мала верзија на BFR би имала голем спектар на функции.

„Таа може да прави сè што е потребно за активности во Земјината орбита,“ изјави Маск.

Тој вели дека BFR може да се користи за пренесување на луѓе преку планетата. Овој систем може да пренесува луѓе помеѓу кои било градови за помалку од еден час, додека повеќето градови би биле достапни за околу 30 минути.

Елон Маск ги открива деталите од неговиот план за колонизација на Марс

Маск сака да заработува пренесувајќи ги луѓето околу планетата. Заслуги: SpaceX

Понатаму, BFR би се користела за носење на луѓе до Месечината, креирајќи така наречена „Месечева База Алфа“ (Moon Base Alpha). Тој не објасни опширно за овие планови, но кажа дека возилото би можело да тргне и да се врати од Месечината без правење на ново гориво.

„2017-та е, треба да имаме лунарна база досега,“ кажа Маск. „Што, по ѓаволите, се случува?“.

Елон Маск ги открива деталите од неговиот план за колонизација на Марс

Визијата на Маск за Месечева База Алфа. Заслуги: SpaceX

За крај, останува целта да се однесат луѓе на Марс. BFR би имал 40 кабини во делот за складување, доволно за да однесе 100 луѓе до Марс во еден лет. Исто така, би имало и засолниште за соларни бури за заштита од радијација и некаков дел за забава.

Маск сака да има 2 BFR спремни за лансирање до 2022-ра година. Ова би биле товарни мисии до површината на Марс, за да се најде вода за идни мисии. Тогаш, во 2024-та, тој сака да лансира 4 BFR – две со товар и две со екипаж, до Марс.

Маск е целосно убеден дека пет години се доста за произведување на бродот и лансирање. „Тоа не е печатна грешка,“ одговори Маск на реакциите од публиката. „Јас сум доста уверен дека можеме  да го подготвиме бродот и да го лансираме за пет години. Пет години за мене се чинат како долго време.“

Елон Маск ги открива деталите од неговиот план за колонизација на Марс

BFR возилото би имало 40 кабини и простор за 100 луѓе. Заслуги: SpaceX

Изгледа како Маск да се откажал на оригиналните планови за Марс за SpaceX. Тие имаа предвид користење на модифицирано Драгон возило, наречено Ред Драгон, за слетување. Сега планот е да се користи BFR.

Ниеден говор на Елон Маск не би бил целосен без интересно видео.  Говорот заврши со анимирано видео кое покажуваше како луѓето би патувале низ светот со BFR, во суштина заменувајќи ги авионите. Луѓето патуваат со брод до морска платформа и се лансираат до нивната дестинација.

Со вакви планови, тешко е да не се возбудите. Но, како и секогаш, критиките не изостануваат. Трошоците сè уште се нејасни, а Маск е познат по своите амбициозни планови. Дали сонот е доволен за да се остварат?

„Мислам дека во суштина иднината е многу повозбудлива и интересна ако сме вселенска цивилизација и мулти-планетарен вид, отколку ако не сме,“ вели Маск. „Сакате да бидете инспирирани од нешта, сакате да се разбудите и да мислите дека иднината ќе биде супер. Не можам да помислам на ништо повозбудливо од тоа да се отиде да се биде помеѓу ѕвездите.“

Ако тој временски се придржи до планот, и успее да слета товарна мисија на Марс до 2022-рата, тоа ќе биде добар повод за размислување.

Mars City Opposite of Earth. Dawn and dusk sky are blue on Mars and day sky is red.

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

Превод: Јован Милосковски

Извор: IFL Science

Сподели.