Земјата и Месечината можеби биле формирани од нов вид на планетарен објект

0

Астрономите предложија постоење на целосно нов вид на планетарен објект, наречен синестија (synestia) – голем круг од искршени карпи, кој може да се формира рано во животот на една планета. Ова исто така може да се однесува и на Земјата.

Земјата и Месечината можеби биле формирани од нов вид на планетарен објект

Уметнички приказ на хипотетичкиот објект синестија (synestia). Заслуги: Mike Zeng for Quanta Magazine

Оваа идеја беше изложена во истражување во Списанието за Геофизички Истражувања: Планети од страна на Симон Лок од Харвард и Сара Стјуарт од Универзитетот на Калифорнија, Дејвис.

„Гледајќи во статистиките од џиновски удари, увидовме дека тие можат да формираат сосема нова структура,“ изјави Стјуарт.

Истражувачите предлагаат дека кога две големи тела се судираат, тие можат да создадат огромен диск кој изгледа како црвена крвна клетка или ѓеврек, со „пополнета“ средина. Околу ова би бил прстен од експлодиран отпад (карпи) без површина.

Можете да замислите мало јадро во средината на голем прстен од материјал со планетарен пречник. Со време, овој материјал постепено се соединува за да формира поцврста планета.

Земјата и Месечината можеби биле формирани од нов вид на планетарен објект

Дијаграм на кој е прикажан можниот изглед на синестија. Заслуги: Simon Lock and Sarah Stewart

Се претпоставува дека повеќето планети искусуваат голем судар во некој дел од нивниот живот. Според ова истражување, ако телото е доволно големо, сударот е толку насилен што двете тела се топат и делумно испаруваат.

Потоа, тие создаваат еден вид на вртечка маса од отпаден материјал, која се врти околу централно јадро. Дел од материјалот се движи толку брзо, што ја избегнува привлечната сила на оригиналната планета, со тоа проширувајќи го прстенот, што е клучно за формирање на синестијата. Таа би била многу поголема од цврста планета и диск као Сатурн.

Според истражувачите, можно е Земјата да поминала низ овој процес, иако за само 100 години. Мислиме дека Земјата била погодена од објект со големина на Марс пред 4.5 милијарди години, што донело до формирањето на Месечината – познато како Хипотезата за џиновскиот удар.

Оваа теорија предвидува дека Месечината се формирала од прстен од материјал кој што произлегол од сударот. Но, синестијата би дала ново можно објаснување на Месечевото создавање, предлагајќи дека и Земјата и Месечината се создале од овој „ѓеврековиден“ објект.

Земајќи ја предвид стапката со која наоѓаме екстрасоларни планети (егзопланети), истражувачите мислат дека би било можно да се најде синестија некаде во нашата галаксија. Нивниот краток животен век може да го отежни ова, но наоѓањето на ваков објект би било фасцинантно.

„Големиот процент на екстрасоларни планети, со поголеми камемести тела и поголем ѕвезден флукс споредено со нашиот Сончев Систем, нуди можност да го примениме нашето ново сфаќање на жешки, ротирачки карпести планетарни структури,“ напишаа научниците во своето истражување.

Превод: Јоаким Јаковлески

Извор: IFL Science

Сподели.