Експлозиите на ѕвездите најчесто се поврзани со супернови и претставуваат многу драматични моменти на смрт на една ѕвезда. Новите набљудувања со телескопот АЛМА овозможуваат детален увид во настаните во текот на експлозиите, но на сосема друг крај на животниот век на ѕвездата, во моментот на нејзиното раѓање. Астрономите ги воочиле овие драматични моменти додека истражуваа ѕвезден огномет од остатоците, во текот на раѓањето на група масивни ѕвезди.
Познатата Орионова маглина, во правец на истоименото соѕвездие, во себе содржи место каде се раѓаат ѕвезди, т.н. активна област на формирање на ѕвезди – Орионовиот молекуларен облак 1 (ОМЦ-1), кој од Земјата е оддалечен 135 светлински години. Ѕвездите почнуваат да се создаваат кога ќе дојде до гаснење на облакот од гас, со маса стотина пати поголема од масата на нашето Сонце, а под дејство на сопствената гравитација. Во најгустите облаци почнуваат да се разгоруваат протоѕвезди и нивното движење е хаотично. Со текот на времето, овие новоформирани ѕвезди започнуваат да се движат кон заедничкиот центар на масата, каде е најголемо влијанието на поедничните големи протоѕвезди.
Тоа е моментот кој одлучува дали новоформираната ѕвезда ќе успее да преживее. Во спротивно, доаѓа до жестоки блиски интеракции внатре во ѕвезденото место на раѓање, а резултат е спектакуларниот ѕвезден огномет.
Пред околу 100 илјади години дошло до формирање на неколку протоѕвезди, длабоко во молекуларниот облак ОМЦ-1. Со текот на времето, гравитацијата ги повлекла кон заедничкиот центар на масата, забрзувајќи ги сè до моментот кога конечно две од нив меѓусебно се судриле. Астрономите не се сигурни дали тие директно челно се судриле или дошло до нивно меѓусебно собирање, но тоа довело до моќни ерупции и исфрлање на околни блиски протоѕвезди и стотици џиновски потоци материја во меѓуѕвездениот простор, со брзина од 150 км/с. Проценето е дека катаклизмичката интеракција довела до ослободување толкава енергија, колку што Сонцето испушта за 10 милиони години!
Тимот астрономи од Универзитетот Колорадо, САД, користејќи го милиметарски/субмилиметарскиот телескоп АЛМА, набљудувале настани кои се случиле во срцето на маглината ОМЦ-1, во последните 500 години. Со набљудувањата се откриени остатоци од масивни ѕвезди во драматичните моменти од раѓањето на ѕвездите и експлозиите, кои според изгледот, потсетуваат на вселенски огномет од џиновски млазови од материи, кои се шират во сите правци од заедничкиот центар.
Се очекува животниот век од опишаната експлозија да е краток и дека набљудуваните остатоци се стари само неколку века. И покрај краткиот животен век, ваквите настани се веројатно редовни, и како последица од ова најверојатно растурањето на почетниот облак од гас се регулира со вкупниот број новоформирани ѕвезди внатре во некои од џиновските молекуларни облаци.
Експлозивната природа на остатоците внатре во ОМЦ-1 за првпат е воочена со Субмилиметарската низа на Хаваите во 2009 г. Тимот научници од Универзитетот Колорадо, набљудувале остатоци и во блиското инфрацрвено подрачје Близнаци, со телескоп од Чиле и открија впечатлива структура на млазеви материи, кои се простираат на должина од приближно една светлинска година, од еден свој крај до друг.
Новите фотографии добиени од телескопот АЛМА, овозможуваат набљудување на експлозии во висока резолуција. На ваков начин се откриени многу важни детали, како што е дистрибуција на големи брзини следејќи ги трагите на јаглен монооксид (CO), внатре во млазовите од материја.
Наведените набљудувања им помагаат на астрономите да ја објаснат природата на силите кои доведуваат до експлозии, како и на можното влијание на овие настани врз формирањето на ѕвездите внатре во нашата галаксија.
Превод: Петар Ивановски
Извор: Astronomski Magazin