По потрагата по деветтата планета, сега бараме Планета Десет

0

Минатата година дознавме дека може да има скриена деветта планета во надворешните делови на нашиот Сончев Систем. Сега, постојат наговестувања дека таму може да има и десетта планета.

Во истражувањето, научниците го следеа движењето на вселенските карпи во Кајперовиот појас, регион на тела надвор од орбитата на Нептун. Се смета дека некои од овие тела укажуваат дека постои досега невидена планета која може да влијае на нивните орбити.

По потрагата по деветтата планета, сега бараме Планета Десет

Уметничка претстава на десеттата планета. Заслуги: Heather Roper/LPL

„Најверојатното објаснување за нашите резултати е дека има тело кое не ни е познато“, вели во соопштението Волк, водечки автор на студијата.

Планетата по маса би била некаде помеѓу Земјата и Марс. Тоа би орбитирало многу поблиску од теоризираната Планета Девет, околу 60 пати повеќе од Сонцето од Земјата (60 астрономски единици). За Планетата Девет се смета дека е оддалечена помеѓу 500 и 700 астрономски единици.

Постоењето на Десеттата планета се базира на проучувањето на 600 објекти во Кајперовиот појас. За некои од нив се чини дека имаат „набиена“ орбита која ги навалува на осум степени во орбиталната рамнина на главните планети во Сончевиот Систем.

По потрагата по деветтата планета, сега бараме Планета Десет

Можна орбита на Планетата Десет. Заслуги: Heather Roper/LPL

Според истражувачите, најдобриот начин да се опише ова искривување е ако постои и друга планета. Тие велат дека планетата Девет, која се смета дека е 10 пати поголема од масата на Земјата или околу половина од масата на Нептун, не може да ја објасни аномалијата.

„Деветтата планета е премногу далеку за да влијае на овие објекти од Кајперовиот појас“, рече Волк. „Таа сигурно треба да биде многу поблиску од 100 а.е. за значително да влијае на нив во тој опсег.“

Тоа не значи десеттата планета дефинитивно постои. Во изјавата, Алесандро Морбидели од опсерваторијата на Азурниот брег во Ница, Франција, рече дека е „сомнително дека една планета толку блиска и толку светла ќе остане незабележана.“

Волк и Малхотра, сепак, велат дека сè уште не сме ја виделе бидејќи може да се наоѓа кон густиот централен дел на Млечниот Пат. Од нашата локација, овој регион е полн со ѕвезди, што го отежнува изучувањето.

Друга можност е дека некоја ѕвезда што поминувала би можела да го предизвика ова искривување. Сепак, тоа би требало да се случи во последните 10 милиони години, што се чини неверојатно.

Теоретски, може да има многу скриени светови на работ на Сончевиот Систем. Планетата Десет и Планетата Девет би можеле да се покажат како само две од целата низа планети што не се пронајдени досега. Сончевиот Систем наскоро би можел да биде многу поголем.

Превод: Бојан Николовски

Извор: IFL Science

Сподели.