Вселенското летало Касини на НАСА го „улови“ овој поглед на група од светли, пердувести облаци од метан кои пловат над најголемата месечина на Сатурн, Титан, на 7-ми мај 2017 година.
Погледот е добиен за време на далечен (ненасочен) прелет, при што Касини помина 303.000 милји (488.000 километри) над површината на неговиот најголем природен сателит. Иако Касини повеќе нема има блиски, насочени прелетувања на Титан, леталото продолжува да ја набљудува џиновската месечина и нејзината атмосфера од далечина.
Темните региони на врвот се јаглеводородните езера и морињата на Титан.
Тука се прикажани две верзии на оваа фотографија – една со подобра резолуција (слика A) и една со послаба резолуција (слика Б). Разгледајте ја PIA21610 за уште една верзија на овие облаци.
Овие фотографии се направени на 7-ми мај 2017 година, на оддалеченост од 316.000 милји (508.000 километри). Фотографијата е ортографичка проекција центрирана на 57 степени северна географска широчина и 48 степени западна географска должина. Ортографичкиот поглед најдобро се објаснува како поглед кој е направен од некој далечен набљудувач. Обемот на сликата е околу 2 милји (3 километри) по пиксел.
Мисијата Касини е проект во соработка на НАСА, ЕСА (Европската вселенска агенција) и Италијанската вселенска агенција. JPL (Jet Propulsion Laboratory), дел од Калтек во Пасадена, Калифорнија, управува со мисијата под раководство на Дирекцијата за научни истражувања, мисија на НАСА, Вашингтон. Орбитерот Касини и неговите две подвижни камери се дизајнирани, разработени и склопени во JPL. Центарот за обработка на фотографиите има седиште во Институтот за Вселенска наука (Space Science Institute) во Болдер, Колорадо.
За повеќе информации во врска со мисијата на Касини посетете ја страната saturn.jpl.nasa.gov и www.nasa.gov/cassini. како и http://ciclops.org.
Превод: Бојан Николовски
Извор: NASA