Касини забележува драматични сезонски промени на Титан

0

Додека јужната зимска краткоденица се наближува на системот на Сатурн, вселенското летало Касини на НАСА открива драматични сезонски промени во атмосферската температура и составот на најголемиот сателит на Сатурн, Титан.

Касини забележува драматични сезонски промени на Титан

Спуштајќи се во сенка, јужниот поларен вител на Титан, месечината на Сатрун, сè уште се издвојува од портокалово-сините магливи слоеви карактеристични за неговата атмосфера. Заслуги: NASA/JPL-Caltech/Space Science Institute

Зимата зема зафат на јужната хемисфера на Титан и силен атмосферски циркулирачки вител – бура, се развила во горните слоеви на атмосферата, над јужниот пол. Касини детектирал дека бурата е збогатена со траги од гас кои инаку се многу ретки во атмосферата на Титан. Набљудувањата на Титан покажуваат пресврт во атмоферата над половите на Титан откако леталото пристигна на Сатурн во 2004-тата, кога слични случувања беа забележани на северната хемисфера.

„Долгата мисија на Касини и честите посети на Титан за првпат ни овозможија да ја видиме шемата на сезонските промени на Титан, во детали,“ изјави Атена Костенис (Athena Coustenis), член на тимот Композитен инфрацрвен Спектрометар на Касини, од Опсерваторијата во Парис. „Пристигнавме на север во средина на зимата и сега имавме можност да ја набљудуваме атмосферата на Титан низ две цели годишни времиња“.

Топлината циркулира низ атмосферата на Титан низ циклусот од еден до друг пол преку топлиот гас кој се прелева на летниот, и ладен гас кој се слева на зимскиот пол. Набљудувањата од Касини покажаа високо ниво на пресврт на овој систем, почнувајќи веднаш по рамноденицата во 2009-та година.

Хемисферите на Титан реагирале на различен начин на сезонските промени. Ладните ефекти  довеле до тоа температурите да паднат за 40 Целзиусови степени на јужниот пол од стратосферата во тек на последните четири години. Ова е спротивно со постепеното затоплување на северната хемисфера, каде температурите останале стабилни во текот на раната пролет и покажале зголемување од само 6 степени од 2014 година. Неколку месеци по рамноденицата, бурата во стратосферата над јужниот пол станала упадлива, со атмоферската „жешка точка“ со голема надморска височина. Сличните карактеристики на северната хемисфера скоро да изчезнале од 2011 година.

Во внатрешноста на поларниот вител над сè повеќе засенетиот јужен пол, имало забрзано зголемување на траги од гас кои се акумулирале во отсуство на ултравиолетовата светлина. Ова вклучува и комплесни јаглеводороди претходно видени само на висока северна географска ширина.

Превод: Александра Бошкова

Извор: Phys

Сподели.