Осуммина луѓе се веќе подготвени да платат за туристички лет околу Месечината, на модерниот вселенски брод од серијата „Сојуз“, изјавил директорот на Ракетно-космичката корпорација RSC „Energia“, Владимир Солнцев (Vladimir Solntsev).
Компанијата Space Adventures, која RSC „Energia“ ја основала за организирање летови на туристи на Меѓународната Вселенска станица (MВС) започнала лов на богати клиенти подготвени за голема сума на пари да остварат летови на релација Земја-Месечина-Земја уште во 2010 година. Солнцев ијзавил дека во RSC „Energia“ постои прелиминарен проект за модернизација на „Сојуз“ за летови кон Месечината. Мисијата би траела околу една недела и посадата составена од руски космонаут и „Месечевите туристи“ би прелетала околу Месечината и би се вратила со втора космичка брзина на Земјата.
Во моментов се разгледува кандидатурата на осуммина туристи коишто се спремни да платат за ваква експедиција. Режисерот Џејмс Камерон бил меѓу првите кој уште пред неколку години пројавил интерес за лет околу Месечината. На списокот е и едно семејство од Јапонија. Доколку се постигне „критична маса“, RSC „Energia“ би можела за неколку години да го транформира постоечкиот орбитален брод „Сојуз-МС“ во неговата месечева верзија. Една од основните разлики е во користењето на други навигациски системи способни за безбедно да го водат бродот во текот на летот во транслунарното патување. „Сојуз“ како и својот далечен „предок“ – апаратот „Zond“ (L1) всушност би летал по изразено издолжена елиптична орбита, која би ги опфатила Земјата и Месечината. Со прецизно лансирање и корекции низ транслунарното патување „Сојуз“ би ја прелетал Месечината на растојание од околу 100 км, би го продолжил летот кон точката апогеј и би тргнал назад кон Земјата, без премин на орбита околу Месечината, онака како што е тоа сторено во текот на мисијата „Аполо“.
Друга основна разлика на месечевиот „Сојуз“ во однос на орбиталната верзија е термичката заштита на апаратот за враќање којшто мора да издржи огромно термодинамичко напрегање за време на влез во втора космичка брзина (над 11 км/с). Секако , поради економичност на масата, како и кај L1, орбиталниот сегмент би отпаднал од оваа комбинација така што двочлената посада би поминала целосен лет во прилично спартански, скоро бизарни услови. Тие во тесната кабина од околку три кубни метри би спиеле, јаделе, пиеле, би извршувале тоалетни потреби, би управувале со бродот, би изведувале експерименти и би ја снимале Месечианта во текот на краткотрајниот прелет.
Цената на картите за оваа авантура од неодамна е намалена од 150 на 120 милиони долари, со цел да се привлечат повеќе богати луѓе. Сè уште не се знае колкава е „критичната маса“, којашто ја спомна Солнцев, неопходна за експресно да започне изградбата на Месечевиот „Сојуз“. Меѓутоа, како што цената за изградба на „Сојуз“ е приближна на цената на модерен борбен авион, се претпоставуа дека пет до седум мисии би биле доволни за овој проект да постане комерцијално оправдан. Ако се дојде до таа „критична маса“, можно е да се очекува во наредните пет до седум години да ги видиме првите летови на богатите туристи на трасата помеѓу Земјата и Месечината. До тогаш RSC „Energia“ би морала да вложи мнгоу труд за да ги преброди сите технички бариери поврзани како со месечевиот „Сојуз“, така и за носачот – ракетата „Протон“ којашто никогаш не е користена за лансирање на космички бродови со човечка посада.
Превод: Александра Бошкова
Извор: Astronomski Magazin