Ајнштајнови теории на релативност

0

Објаснување на ваквото “неправилно” движење на Меркур немало се додека Ајнштајн не покажал дека Њутновиот закон не е сосема точен и дека е потребно тој да се модифицира. Во 1905 година тој ја дава својата револуционерна теорија, позната како специјална теорија на релативност, во која го променува класичното сфаќање за просторот и времето. Десет години покасно, во 1915 година, Ајнштајн ја дал општата теорија на релативност во која успешно ја вклучил и гравитацијата. Во ова дело, Ајнштајн покажал дека нашата вообичаена претстава за геометријата не одговара на вистинската геометрија во Универзумот. Со други зборови, геометријата која се учи во школите позната како Евклидова геометрија, не е геометрија на природата. Математичарот Минковски успеал да ја преведе Ајнштајновата физичка теорија на јазикот на геометријата покажувајќи дека Ајштајновата теорија може да биде објаснета како нова теорија на Вселената во која просторот и времето заедно ги определуваат основните својства на геометријата. Со други зборови, просторот и времето треба да се обединат во свет со четири димензии познат како (простор-време(. Што се однесува до гравитацијата, Ајштајн дошол на револуционерна идеа дека таа е последица на закривеноста на просторот под дејство на распоредената маса и енергија во него. Следува дека, телата не се движат по закривени орбити под  дејство на гравитационата сила, туку се движат по права патека во закривен простор. Масата на Сонцето го закривува простор-времето околу себе, така што и покрај тоа што Земјата се движи праволинински во четиридимензионалното простор-време, нам ни изгледа дека таа се движи по кружна патека во тродимензионален простор. Соодветно и светлината од некоја далечна звезда, минувајќи покрај Сонцето се отклонува за мал агол, така што на набљудувачот на Земјата му изгледа дека таа звезда се наоѓа на друго место. Овој ефект успешно се регистрира за време на затемнувањето на Сонцето.

Теориите на Ајнштајн многу придонеле за револуционерната промена на сфаќањето на Вселената. Стариот модел на непроменлива Вселена, бил заменет со моделот на Фридман, за динамична Вселена која се шири и која, по се изгледа, започнала пред некое конечно време и која може да исчезне по некое време. И општата теорија на релативност не е целосна теорија: таа не е во состојба да одговори на прашањето како настанала Вселената, или на прашањето што се случува во центарот на црната дупка? Во првите моменти на создавањето, димензиите на Вселената биле толку мали што за опишување на нејзиното поведение неоходно е користење на една друга голема теорија на дваесетиот век – квантната механика. Денес, еден од најголемите предизвици на физичарите е формулирање на теорија која би ги обединела гравитацијата и квантната механика. Ваквата обиденета теорија, позната како Квантна Гравитација, би била универзална теорија способна да ги објасни сите појави во природата. Тоа бил и предизвик на Ајнштајн кој последните 10 години од својот живот ги поминал во потрага за една ваква обединета теорија.

Сподели.