Тинејџери откриваат кандидати за егзопланети

0
Тинејџери откриваат кандидати за егзопланети

Уметнички приказ на Кеплер 1647 со истовремено затемнување на ѕвездата и транзит на планетата. Планетата е слична со онаа која е откриена на Универзитетот во Кил (Keele University). Заслуги: Lynette Cook

Британски тинејџери најверојатно открија барем една потенцијална егзопланета, а нивниот број може и да е поголем. Објектот за кој се смета дека е силен кандидат за свет надвор од нашиот систем, е со големина на Нептун и орбитира околу ѕвезда слична на Сонцето, во период од 19 денови, на 800 светлински години оддалеченост. Овој објект беше откриен како дел од проектот Татуин (Project Tatooine), чиј фокус е потрага по планети кои орбитираат околу две ѕвезди како во Војна на Ѕвездите (Star Wars). Тимот се состоел од 24 студенти кои биле поделени на тимови. Нивна задача било да детектираат системи од двојни ѕвезди со прегледување на податоците од Кеплер. Биле прегледувани мерења на секои 30 минути во текот на 75 денови. Откриен е уште еден потенцијален објект од друг тим на ученици кој е мошне сличен по големина и орбита со првиот кандидат. Ќе бидат направени дополнителни истражувања со помош на 2,5-метарскиот телескоп Њутон, лоциран на Канарските Острови, што значи дека за кратко овие кандидати би можеле да се најдат на листата на веќе потврдени егзопланети.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFL Science

Сподели.