Егзопланети погодни за живот

0

Во Сончевиот Систем Земјата е единствената планета која ги исполнува сите услови за живот. Сè уште е непознато дали во нашата космичка околина постои вонземски живот. Теоретски би можело да постои течен океан под ледената кора на Јупитеровата месечина Европа, во кој постојат организми кои се прилагодиле на екстремните услови. Но, дали е тоа точно, допрва ќе се покаже.

Но, надвор од Сончевиот Систем можеби постојат планети – близнаци на Земајта. Досега астрономите откриле многу мал број потенцијално поволни планети за живот, кои имаат големина слична на Земјата и кои кружат околку својата ѕвезда. Резолуцијата на поголемиот број телескопи сè уште не е доволна за да можат да се видат планети слични на Земјата, па астрономите мораат досегашните откритија да ги сметаат во однос на вкупниот број на откриени планети.Егзопланети погодни за живот

Пресметано е дека во Млечниот Пат се наоѓаат околу 200 милијарди ѕвезди слични на Сонцето. Од нив околу 22% поседуваат планети во зоната погодна за живот, со големини слични на Земјата. Од тоа астрономите проценуваат бројка од 10 милијарди планети во нашата галаксија кои се близнаци на Земјата. Шансите, барем на една од овие планети, условите да бидат поволни за да настане живот е релативно голема. Според тоа, ние само во нашиот Сончев Систем сме нешто единствено, не но и во Универзумот.

Според натамошни пресметки, секоја втора ѕвезда поседува барем една планета, што значи во Универзумот постојат милијарди планети, а тоа значи дека постојат примери слични на Земјата. Меѓутоа, дури и ако еден ден наидеме на вонземски живот, не значи дека истиот ќе изгледа онака како што ние на Земјата го познаваме.

Телескопот Џејмс Веб (James Webb Space Telescope) кој во моментов е во изградба и кој ќе биде лансиран во Вселената во октомври 2018 година, ќе биде најмоќниот телескоп во историјата на човештвото. Се смета дека кога ќе биде инсталиран во Вселената, ќе биде можно да се добие детална слика на далечните светови. На пример, ќе биде возможно да се види бојата на атмосферата на некои далечни планети, со што ќе се овозможи да дознаеме за евентуалниот состав на атмосферата, можеби дири и постоење на шуми, пустини, океани или карпи на површината. Вака ќе изгледа телескопот Џејмс Веб кога ќе кружи во орбита околку Земјата:

Егзопланети погодни за живот

Макета на телескопот Џејмс Веб.

Задача на вселенскиот телескоп Кеплер, кој чинеше 600 милиони долари, е набљудување на точно одреден дел од небото, со околу 190 000 ѕвезди во соѕвездието Лебед, со цел откривање планети кои кружат околу нив. Примарна цел е откривање на планети кои се слични на Земјата, што значи потенцијално настанување на живот. Истовремено, телескопот испраќаше податоци за променливите ѕвезди, со што се носеа заклучоци за процесите кои се одвиваа во нивната внатрешност. Мисијата Кеплер првично било планирано да трае од 2009 до 2012 година, со опција за продолжување од четири години. Сега Кеплер се наоѓа во втора фаза од своето истражување.

За набљудувањето да биде извршено со што е можно помалку пречки, телескопот не е лансиран во орбитата на Земјата, туку тој се наоѓа во орбитата околу Сонцето, каде неговата ротација и ексцентрицитет се разликуваат од Земјата. Кеплер се движи во Универзумот над Земјата и се оддалечува од Сонцето сè повеќе со текот на годините. Со тоа се овозможило набљудување без периодичното покривање на Земјата и со минимално влијание однадвор.

Егзопланети погодни за живот

Вселенскиот телескоп Кеплер.

Во јули 2012 година откажала една од четирите точки кои го стабилизирале телескопот Кеплер во Вселената. Почетокот на јануари 2013 година се појавиле повисоки вредности на триење на уште една точка, чиешто откажување би довело до прекин на мисијата. Поради тоа телескопот е ставен во сигурносен режим на десет дена, со надеж дека средството за подмачкување преку дифузија повторно ќе се распореди онаму каде што е потребно. Кон крајот на јануари телескопот е пробуден од сон и истиот продолжил да работи без проблеми. Но, средината на мај, 2013 година повторно се појавиле проблеми на една од точките. Се сметало на тоа дека Кеплер ќе биде ставен во полош стабилизиран режим, но дека сè уште ќе може да испраќа податоци. Тие обиди траеле до 15-ти август 2013 година, кога НАСА го објавила конечното престанување на мисијата Кеплер. Но, веќе на 25-ти ноември 2013 година НАСА објавила дека е пронајдена можност како телескопот да се пушти во погон и покрај точките кои не функционираат. Притоа два мотора треба да работат против притисокот на фотоните од Сонцето и на тој начин да го стабилизираат Кеплер. Тоа овозможило само набљудување во должина на еклиптиката и секои 75 денови телескопот бил усмеруван во нов правец во кој продолжил да истражува нови егзопланети. Досега телескопот Кеплер открил скоро 5000 планети кандидати од кои потврдени се повеќе од 1000, а меѓу нив 12 планети се во зоната погодна за живот.

Во средината на јули 2015 година, НАСА го објави откритието на планетата Кеплер 452b, која до сега е најслична на планетата Земја. Таа се наоѓа во зоната погодна за живот и е 60% поголема од Земјата, па се смета дека гравитацијата на неа е дупло поголема. Од нас е оддалечена 1400 светлински години, во соѕвездието Лебед. И порано биле откриени планети за кои се зборувало дека се слични на Земјата, но Кеплер 452b кружи околку ѕвезда која е многу слична на Сонцето, а е постара 1,5 милијарди години. Постои голема можност планетарната површина да се состои од карпи. Планетата е постара од Земјата, а со тоа постои можност и да биде поразвиена во однос на животот на неа. Една година на Земја-2, како прекар за Кеплер 452b, трае 385 денови. Помалку слична на Земјата е планетата Кеплер 186f којашто до тогаш важела за најслична на планетата Земја во зоната погодна за живот. Таа кружи околу ѕвезда која е црвено џуџе.

Егзопланети погодни за живот

Камениот свет на планетата Gliese 581g, неофицијално Зармина, кој се наоѓа на само 20 светлински години оддалечен од нас, веројатно е два до три пати помасивен од Земјата и кружи околку својата ѕвезда на секои 30 дена. Планетата се наоѓа во доменот на зоната погодна за живот, па можно е да има течна вода, а можеби и живот каков што нам ни е познат. Тоа било првобитното мислење за оваа планета. Меѓутоа, проблемот е во тоа што научниците не се сигурни дали таа планета воопшто постои. Откриена е уште во 2010 година врз основа на 122 набљудувања на радијалната брзина на ѕвездата Gliese 581 во период од 11 години од спектрометарот HIRES на опсерваторијата Мауна Кеа на Хаваите. Меѓутоа, статистичката анализа на податоците покажала пропусти. Бидејќи поместувањето на светлинскиот спектар на ѕвездите може да биде предизвикан со магнетни ерупции и флеки, податоците уште еднаш се анализирани во 2014 година, при што ѕвездената активност е тргната од добиените податоци. Резултатот бил исчезнување на сигнал од претпоставената планета. Од дотогаш познатите шест планети во орбитата на црвеното сонце Gliese 581, докажазни се само три планети, од кои ниту една не се наоѓа во зоната погодна за живот.

Егзопланети погодни за живот

Претпоставениот изглед на површината на Gliese 581g и претпоставената големина на планетата.

Егзопланетата Gliese 667C се наоѓа во троен ѕвезден систем, Gliese 667 во соѕвездието Скорпија. Планетата има маса од неколку Земјини маси и се наога во зоната погодна за живот. Со потврдена ESI вредност од 0.84 (Земја=1) досега е една од планетите најслични на Земјата. Системот од Земјата е оддалечен 22.1 светлински години и освен Gliese 667Cc содржи барем уште една планета, Gliese 667Cb. Ѕвездата Gliese 667C е црвена џуџеста ѕвезда од класата М и планетата кружи околу неа во период од 28,2 дена. Оддалеченоста на планетата од ѕвездата е 42 милиони километри, што е околку четвртина од оддалеченоста на Земјата од Сонцето. Сепак, планетата се наоѓа во зоната погодна за живот, слична е на Земјата и на неа е можно да постои течна вода, што се смета за услов за постоење на живот. На овој начин планетата се наоѓа на второто место на населиви планети. Меѓутоа, останатите својства на планетата поврзани со опстанокот на животот на неа, сè уште се непознати.

Егзопланети погодни за живот

Егзопланетата Кеплер 22b се наоѓа во зоната погодна за живот на ѕвездата Кеплер-22, која е слична на Сонцето и од нас е оддалечена 600 светлински години. За заокружување околу својата ѕвезда на Кеплер 22b и се потребни околу 290 денови. Планетата има пречник кој еЕгзопланети погодни за живот 2,4 пати поголем од оној на Земјата и со тоа спаѓа во класата Супер-Земја. Температурите кои владеат на површината на оваа планета не се разликуваат многу од оние на Земјата што нè наведува на заклучокот дека е можно постоење на течна вода. Масата на егзопланетата тешко може да се процени, а не е познат ниту нејзиниот состав. Исто така не се знае ниту дали планетата има атмосфера, но направен е план во текот на следниот транзит да се спроведат спектроскопски мерења.

Околу портокалова ѕвезда од типот К, кружи планета Gliese 370b. Таа е околу 36 светлински години оддалечена од Земјата и се наоѓа во соѕвездието Едро. Ѕвездите од типот К зрачат малку ултравиолетова светлина, што значи дека планетите коишто кружат околу нив се погодни за живот. Освен тоа, оваа егзопланета се наоѓа во зоната погодна за живот и доволно е оддалечена од ѕвездата, со што постојат сите услови за вода во течна состојба. Врз основа на планетарна маса од 3,6 земјини маси, Gliese 370b се вбројува во категоријата супер-Земји. За 54 дена оваа планета ја заобиколува својата ѕвезда која е на оддалеченост од окулу 0,69 астрономски единици. Температурата во горната атмосфера на планетата изнесува околу 25 °C.

Егзопланети погодни за живот

Wolf 1061c е егзопланета којашто кружи околу црвено џуџе 13,8 светлински години оддалечена од Земјата. Спаѓа во потенцијално населиви егзопланети и се наоѓа на работ на зоната погодна за живот. Од својата ѕвезда е втора по оддалеченост во својот планетарен систем и има проценета големина 1,5 пати од дијаметарот на Земјата, со што спаѓа во супер-Земји. Планетата се состои од камен и важи за Земјолика. Својата ѕвезда ја обиколува за 17,9 денови, а гравитацијата на неа би била посилна поради масата која е 1,6 пати поголема од масата на Земјата. Врз основа на оддалеченост од 0,07 до 0,19 астрономски единици, се претпоставува дека планетата има врзана ротација. Тоа значи дека секогаш со една страна е свртена кон ѕвездата. Иако во тој случај се можни екстремни разлики во површинската температура, се смета дека границата помеѓу тие две зони е населива, бидејќи на неа владеат умерени температури и можно е присуство на течна вода. Секако, под услов да постои атмосфера која е доволно густа да ги распореди топлината и студот преку тој дел од планетата. Според каталогот на погодност за живот, оваа егзопланета поседува индекс од 0,76 и со тоа се наоѓа на четвртото место на Земјолики планети погодни за живот.

Егзопланети погодни за живот

Само 16 светлински годни оддалечена од нас се наоѓа егзопланетата Gliese 832c (GJ 832c) која е на трето место Земјолики планети погодни за живот. Таа кружи околку својата матична ѕвезда, црвеното џуџе Gliese 832 за 16 дена. Бидејќи црвените џуџиња се поладни од нашето Сонце, на GJ 832c владеат помалку или повеќе слични температури како на Земјата, и ѕвездената енергија кај двете планети е слична, па затоа постои оптимизам по прашањето за постоење на живот на таа егзопланета. Иако текот на годишните времиња на оваа планета е делумно екстремен, оваа супер-Земја поседува атмосфера слична на нашата. Сепак, на планетата не владеат рајски услови. Бидејќи GJ 832c поседува пет пати поголема маса од Земјата, атмосферата е многу погуста, а тоа доведува до многу поголеми температури од овие на Земјата.

Егзопланети погодни за живот

Споредба на големините на Gliese 832c и Земјата.

Астрономите постојано откриваат планети кои се слични на Земјата, малку поголеми од неа, или гасовити џинови со големина на Јупитер и Нептун. 60% од досега откриените планети се поголеми од Земјата и класифицирани се како супер-Земји. Неколку од нив се наоѓаат во зоната погодна за живот на ѕвездата околу која кружат. Погоре споменатите планети се само мал избор на можни населиви планети, чијшто број континуирано се зголемува.

Превод: Александра Бошкова

Извор: Astronomski Magazin

Сподели.