Белите џуџиња се вид на ѕвездени остатоци кои настанануваат по разнесувањето на надворешните слоеви. Потешките елементи како магнезиум и железо се движат, односно тонат кон јадрото, оставајќи ги само лесните елементи како водород и хелиум во атмосферите. Зошто тогаш, кај речиси половина од сите бели џуџиња се забележани потешки елементи во нивните атмосфери? Оваа мистерија може да е конечно решена со помош на мисијата Кеплер и дополнителните опсервации од други телескопи. Било проучувано белото џуџе WD 1145+017, оддалечено на 570 светлосни години од Земјата. Научниците веруваат дека околу орбитира планета која се распаѓа и остава потешки елементи кон ѕвездата. Ова истражување било објавено во списанието Nature.
Ова е прв пат да биде откриен остаток кој орбитира околу бело џуџе. Најверојатно, станува збор за помала планета, од типот на Церес во нашиот систем која била турната кон поблиските орбити околу ѕвездата, најверојатно од страна на некоја поголема планета, нешто поголема и од Јупитер. Во орбита на само 4.5 до 4.9 часа малата планета потоа почнала да се распрарчува поради гравитациските влијанија на белото џуџе.
WD 1145+017 е голема колку Земјата, но нејзината маса е речиси колку Сончевата. Истражувачите не можат да видат директни докази од малите планети, но можат да ги видат остатоците кои блокираат 40% од светлината од белото џуџе. Се смета дека самата ѕвезда е 175 милиони години стара.
Ова може да биде слично на случувањата во нашиот систем. Пред околу 5 милијарди години, Сонцето ќе го изгори своето нуклеарно гориво и ќе стане црвен џин кој ќе ги проголта внатрешните планети и на крај ќе резултира со бело џуџе. Потоа, можно е останатите објекти да бидат распарчени слично како кај WD 1145+017. Во овој систем, полека полека за неколку милиони години планетата ќе биде целосно распрарчена и ќе испари поради топлината на ѕвездата. При тоа, целата прашина и гас од планетата ќе завршат на површината на белото џуџе. Но, гледано на уште подолг рок тие ќе пропаднат кон вратрешноста и ќе се изгуби секаква трага од нивното постоење. Со оглед на тоа што повеќе од половина од белите џуџиња имаат присуство на тешки елементи во атмосферите може да се заклучи дека овој процес е доста честа појава низ Универзумот.
Превод: Михаела Стојанова
Извор: IFLS