Метеорските удари можат да создадат градбени блокови на ДНК

0
Метеорските удари можат да создадат градбени блокови на DNA

Приказ на создавање на нуклеобази од метеорски удар на Земјата. Заслуги: Dr. Yoshihiro Furukawa

Едно ново истражување покажа дека метеорските удари во античките океани можеле да создадат нуклеобази и аминокиселини. Научниците од универзитетот Тохоку, Националиот институт за материјали во науката, како и универзитетот Хирошима го откриле ова по спроведување на експерименти кои симулираат како метеор се судира со антички океан.

Со прецизни анализи на продуктите обновени по ударот, тимот пронашол формација од нуклеобази и аминокиселини од неоргански соединенија. Истражувањето е објавено оваа недела во списанијата Earth и Planetary Science Letters.

Сите генетски информации од модерниот живот се собрани во ДНК како продолженија од нуклеобази. Сепак, формацијата на нуклеобазите од неоргански соединенија достапни на пребиотската Земја се смета дека би биле тешки.

Во 2009 година овој тим објави создавање на најпростата аминокиселина – глицин преку симулација на удар од метеори. Овој пат, тие го замениле изворот на јаглерод со бикарбонат и спровеле експерименти на удар со огромна брзина од 1 km/s употребувајќи пиштол.

Тие пронашле создавање на далеку поголема разновидност во градбените единици на животот, вклучувајќи два вида нуклеобази и 9 вида од протеиногени аминокиселини. Резултатот предвидува нов начин за тоа како првите генетски молекули можеле да се создадат на Земјата.

Превод: Марко Панушковски

Извор: Science Daily

Сподели.