„Мелем за очи“: Замрзнати полиња во срцето на Плутон

0
„Мелем за очи“: Замрзнати полиња во срцето на Плутон

Во центарот лево од огромната област со облик на срце – неформално наречена „Томбах Риџио“ – има огромно поле без кратери кои не би требало да е постаро од 100 милиони години, а геолошки процеси сигурно сè уште го обликуваат. Овој замрзнат предел е северно од замрзнатите планини на Плутон и веќе неформално е наречен Спутникова рамнина (Sputnik Planum), по првиот вештачки сателит на Земјата. Површината изгледа како поделена на предели со неправилна форма со помош на канали. Исто така може да забележиме мали ритчиња и полиња со мали јами. Оваа слика е добиена со помош на Long Range Reconnaissance Imager (LORRI) на 14 јули на далечина од 48.000 милји (77.000 километри). Видливи се форми широки само 1 километар. Некои од формите се замаглени поради компресија на сликата. Заслуга: NASA/JHUAPL/SWRI

Во петок, три дена по првото летање околу џуџестата планета, научниците изјавија дека веднаш до големите карпести планини на Плутон создадени од мраз, постојат огромни замрзнати полиња.

Тимот на вселенското летало „Нови хоризонти“ веќе објави детални слики од истите полиња кои тие веќе неофицијално ги нарекуваат Спутникова рамнина (Sputnik Planum), по првиот сателит направен од човек.

„Погледнете ги замрзнатите полиња на Плутон“ рече водечкиот научник Алан Стерн за време на брифингот во просториите на НАСА. „Кој би помислел на ваква сложеност!“

Сликите кои ни доаѓаат од 3 милијарди километри оддалеченост, Стерн ги нарече „мелем за очи“.

Џеф Мор, главен истражувач на тимот по геологија од Нови хоризонти (New Horizons) во центарот за истражување на НАСА во Калифорнија, додаде: „Сè уште мора да се потсетувам да дишам длабоко. Пределот страшно воодушевува.“

Полињата кои се протегаат илјадници километри се сместени во изразената, светла област на Плутон, која е во форма на срце. Како и планините откриени минатата среда, така и полињата се чинат релативно млади, најмногу 100 милиони години. Научниците се сомневаат дека можеби внатрешна топлина – дали од замрзнати вулкани или гејзери – сè уште ги обликува овие региони кои немаат кратери.

„Сепак не може да кажеме со сигурност, може да се стари и една недела“ рече Мор. Тој назначи дека тие немаат цврсти докази за гејзери кои еруптираат, барем досега.

Постои можност дека ваквиот терен настанал со збивање на површината, исто како кога замрзната кал ќе напукне на Земјата.

Овој вторник, 14 јули 2015 година, слика доставена од НАСА ни покажува регион со планински венец близу еквадорот на Плутон, направена со вселенското летало Нови хоризонти. (NASA/JHUAPL/SwRI via AP)

Полињата, во кои има глатки ридови и области со мали јами, се прекриени со предели кои имаат неправилни форми со многу агли и изгледаат како да се поделени од канали. Секој предел е широк од прилика 12 милји (20 километри).

Висината и потеклото на ридовите е сè уште непозната. Според Мор, ридовите можеби се издигнале или пак околината околу нив еродирала и пропаднала. Полињата со јами многу наликуваат на полињата со глечери на Земјата.

По конференцијата во петок, Нови хоризонти помина нешто повеќе од 2 милиони милји (3.2 километри) од Плутон и е во нормална состојба. Во вторник, по 9 и пол години патешествие, вселенското летало стана првиот посетител на 4.5 милијарди стариот Плутон, на оддалеченост од 7.700 милји (12.400 километри) од неговата замрзната површина. Ова е последната планетарна станица на НАСА како дел од нивната екскурзија низ Сончевиот систем, која започна пред половина век.

„Малку сум пристрасен, но уверен сум дека Сончевиот систем најдоброто го оставил за крај,“ изјави Стерн, планетарен научник во Југозападниот институт за истражување.

Во среда, ден по историското прелетување, Стерн и неговиот тим објавија зумирани слики на кои има планински венци од 11.000 стапки, слични на планините овде на Земјата. Полињата се северни соседи на планините. Врвовите се, неофицијално, наречени Норгеј Монтис (Norgay Montes). Тензин Норгеј беше Шерпски водич на Сер Едмунд Хилари кога го освоија Монт Еверест во 1953.

Огромниот регион во форма на срце веќе го носи името на Клајд Томбо (Clyde Tombaugh), покојниот амерички астроном кој го откри Плутон во 1930.

Научниот тим на Нови хоризонти во петокот рекоа дека податоците ќе им овозможат да направат мапи за релјефот на Плутон и неговата голема месечина Харон.

Оваа слика направена во вторник, 14 јули 2015 година, околу 6:30 часот по полноќ, ни ја покажува најголемата месечина на Плутон, Харон. Исто така во десната страна од сликата имаме зумирана слика од месечината. (NASA/JHUAPL/SwRI via AP)

Ќе бидат потребни 16 месеци за да се префрлат сите собрани податоци. Лабораторијата за применета физика при Унервизитетот Џон Хопкинс управува со мисиите што чинат 720 милиони долари, кои започнаа со лансирањето од Кејп Канаверал, Флорида, во 2006 година – неколку месеци пред Плутон да биде деградиран од планета со нормална големина во џуџеста планета.

Во меѓувреме останете со нас да го проследиме наредното објавување на НАСА за Плутон – наредниот петок. Сликите ќе бидат се подобри.

„Ова е само дел од она што претстои од информациите кои допрво ќе ги добиеме“, изјави Мор.

Превод: Стефан Цеков

Извор: Phys

Сподели.