V404 е бинарен систем, составен од ѕвезда и црна дупка кои орбитираат меѓусебно. Материја се излива од ѕвездата во црната дупка, каде што се загрева и испушта бранови со рентген зрачење и гама-зрачење пред целосно да исчезне во црната дупка.
Последен пат кога е забележана таква активност од V404 беше во далечната 1989 г. Повторното активирање беше забележано на 15-ти јуни, кога Свифт забележа нови изливи на гама зрачење.
Веднаш потоа поголем број на телескопи од Земјата започнаа со следење на активноста на V404 и на други бранови должини и беа забележани интензивни рентген-зрачења.
„Во овој момент, однесувањето на овој систем е многу невообичаено, со повторувачки силни изливи на светлина во периоди пократки од еден час, нешто што ретко го гледаме кај другите системи со црна дупка. Моментално, овој систем е најсветлиот објект на небото гледано со X-зрачење, до 50 пати посветло од маглината Рак (М1), која нормално представува еден од најсветлите извори на високо енергетско зрачење на небото.“
Превод: Марија Стојановска
Извор: Gizmodo