Нови Хоризонти направи фотографии од најбледите месечини на Плутон

0
Уметнички приказ на Плутон (големата планета) и Харон (помалата планет) набљудувани од една од месечините на Плутон. Заслуги: НАСА

Уметнички приказ на Плутон (големата планета) и Харон (помалата планета) набљудувани од една од месечините на Плутон. Заслуги: НАСА

На 14 јули 2015 г. вселенското летало Нови хоризонти (New Horizons) ќе ја достигне најблиската точка од прелетувањето покрај Плутон и ќе ги прати досега најдеталните фотографии од поранешната планета во Сончевиот систем.

Нови хоризонти праќа мали сигнали дека се доближува сѐ поблиску до Плутон. Сега се наоѓа доволно блиску за да ги види најбледите месечини на Плутон. Овие фотографии му даваат шанса на тимот на НАСА да најдат најдобри техники кои ќе ги употребуваат за обработка на податоците, како и да се подготват да добијат најквалитетни слики од Плутон (тие имаат само една шанса!).

Но, не е само Плутон оној за кого се загрижени истражувачите од тимот. Тие сакаат фино да ги подесат фотографиите за да започнат со пребарување по непознати месечини или прстени кои би можеле да го оштетат Нови хоризонти. Досега леталото направи фотографии од најголемата плутонова месечина Харон, кој е речиси дупло помал од Плутон. Но, Плутон има уште четри други месечини: Хидра, Никс, Кербер и Стикс.

Најновите снимки од Плутон и неговите 5 природни сателити, направени од леталото Нови хоризонти на НАСА.

Кербер и Стикс се на работ на минијатурата. Кербер се очекува да биде со дијаметар од 7 до 21 км, а Стикс со дијаметар од 10 до 32 км. Оргиналната фотографија требаше многу да се обработи за да се намали сјајот на Плутон и Харон дури и пред да станат видливи месечините.

„Нови хоризонти е на праг до откриие“ рече Џон Спенсер, член на мисијата. „Доколку вселенското летало забележи било која дополнителна месечина доближувајќи се до Плутон, тоа ќе бидат светови кои никој досега ги нема видено“.

Превод: Дарко Рафаиловски

Извор: IFLS

Сподели.