Во 1938 година, Орсон Велс бил наратор на емисијата „Војна на Световите“, која претставувала серија на симулирани радио преноси, од случувања во живо, за тоа како Марсовците пристигнале на нашата планета. Преносите се паметат по тоа што создале јавна паника.
Сепак, овој инцидент може да служи како пример за тоа што би се случило, доколку првиот вонземски живот биде пронајден. Иако научниците можеби би биле возбудени од ваков настан, објаснувањето на ваква информација на јавноста, политичарите и групите од интерес би можело да одземе голем временски период.
Како светот ќе се промени, во случај на откривање на вонземски живот, претставува поле од интерес за Стивен Дик, кој штотуку го комплетираше својот мандат како Конгресмен на Астробиологија во Барух С. Блумберг НАСА/Конгресна библиотека.
Дик е поранешен астроном и историчар во Америчката поморска опсерваторија, поранешен историчар за НАСА и тој има објавено повеќе книги во врска со откривање на живот надвор од нашата планета. За Дик, дури и откритието на вонземски микроби би претставувало огромен напредок за науката.
„Доколку пронајдеме микроби, тоа ќе има огромен ефект врз науката, особено во биологијата,“ вели тој. „Засега имаме само еден случај на биологија на Земјата. Сè е поврзано и базирано на ДНК. Доколку пронајдеме самостоен приемерок на Марс или Европа, тогаш ќе добиеме шанса да формираме универзална биологија.“
Дик укажува дека и веројатноста за вонземски фосили би ги променила нашите гледни точки, како што е тековната дискусија за ALH84001, метеоритот од Марс, кој беше пронајден во Антарктикот и кој доби огромна популарност во 1996-та година, заради научен труд кој сугерирал дека метеоритот би можел да има структури кои се поврзани со биолошка активност. Заклучокот, за кој сè уште се дебатира, доведе до конгресни сослушувања.
„Имам издадено книга за откритијата во астрономијата и нејзиниот проширувачки процес“, вели Дик. „Не е дека само го насочувате вашиот телескоп и велите, „аха, дојдов до откритие.“ Тоа секогаш претставува проширен процес: Ако си детектирал нешто, треба да го протолкуваш и потребно е долго време за да биде разбрано. Што се однесува за вонземскиот живот, карпата од Марс покажа дека е потребен долг период на години за нешто да биде објаснето и добро разбрано.“
Дешифрирањата на Маите
Изминатата година, во Конгресната библиотека, Дик се посветил во пребарувањето на историски примероци (како и историски аналогии) за тоа како човештвото би се справило со прв контакт од вонземска цивилизација. Историјата покажува дека контакт со нови култури може брзо да премине во сосема различни насоки.
Примерот на Хернан Кортез и неговиот однос со Ацтеките е често употребуван како пример за тоа колку може да биде лош првиот контакт. Но, постојат и други обиди каде имало повеќе обострана добивка, иако крајните резултати скоро никогаш не биле совршени. Како за пример, трговците на волна во Канада за време на 1800-тите биле блиски соработници со Индијанците, додека пак кинеската трговска флота од 15-тиот век успешно го пренела своето културно наследство надвор од своите граници.
Дури кога и двете страни биле упорни за да воспостават квалитетна комуникација, секогаш постоеле граници, забележува Дик.
„Језуитите имале контакт со Индијанците,“ укажува тој. „Одредени концепти биле проблематични, како на пример кога тие се обиделе да ги разберат идеите за душата и бесмртноста.“
Индиректен контакт со радио комуникации преку СЕТИ (SETI – Search for Extraterrestrial Intelligence), исто така ги покажува предизвиците на пренесувањето на информација меѓу култури. Постои и историски преседан за ова, како на пример, кога грчкото знаење било пренесено на западот преку Арабија во 12-тиот век. Ова покажува дека постои можност идеите да бидат воскреснати, дури од изумрени култури.
Исто така, сосема е можно, јазиците кои ги добиваме преку индиректни комуникации да бидат непознати за нас. Дури и за математиката, која доста често е именувана како универзален јазик, Дик вели дека има две опции. Една теорија вели дека, навистина постои еден тип на математика која е базирана на Платонска идеја, додека другата теорија вели дека математиката претставува продукт конструиран од културата во која се наоѓаме.
„Проблем со дешифрирање ќе постои. Можно е тој да биде како дешифрирањето на Маите,“ вели Дик.
Етиката при контакт
Како што Дик дошол до се поголемо разбирање поврзано со потенцијалното културолошко влијание од страна на вонземска интелегенција, тој поканил останати стручњаци за заедно да ги презентираат своите пронајдоци. За оваа цел бил организиран симпозиум поврзан со оваа тема. Учесниците на овој симпозиум дискутирале за тоа како да се преминат погледите за дефинирање на животот свртени кон човекот, како да се разберат филозофските и теолошките проблеми при вакво откритие и како да се помогне при проширувањето на ваква информација кон јавноста.
„Исто така, постои и прашањето поврзано со, како што јас ја нарекувам, астро-етиката,“ вели Дик. „Како се однесуваш со вонземски живот? Како се однесуваш во зависност од тоа дали истиот претставува само збир од микроби или пак интелигенција? Затоа имавме и филозоф на симпозиумот, кој говореше за моралниот статус на нечовечките организми, во споредба со животните на нашата планета и нивниот статус во однос на нас.“
Дик планира да ги собере сите предавања во книга за објавување, но тој исто така ќе се посвети кон прибирање на материјали за втора книга, за тоа како откривањето на вонземски живот ќе го револуционизира нашето размислување.
„Финансирањето на ваква позиција, од страна на НАСА, е навистина потег кој гледа далеку во иднината,“ додава Дик. „Тие ги имаат сите нивни програми во астробиологија, тие финансираат научници, но еве тука тие наидоа на некој кој размислува за тоа какви би биле последиците. Тоа претставува добра идеја, да се предвиди какво би било сценариото, пред истото да се случи.“
Превод: Бојан Андоновски
Извор: Phys.org