Како што вселенското летало на НАСА „Зора“ (Dawn) конечно се доближува до Церера (Ceres), се откри и првата мистерија што ќе треба да ја истражи. На пристигнатите слики е видлива мистериозна бела точка.
Точката е видлива од Земјата, или барем од нејзината орбита. Излегува на фотографии направени од телескопот Хабл во 2003 и 2004 г. Но, овие слики, како и до сега добиените од „Зора“, се премногу мали за да откријат било што поврзано со точката освен нејзиното постоење.
Најочигледното објаснување е дека тоа е мраз на дното на кратер. Но, никој не знае зашто оваа точка, која се наоѓа на високи но не поларни височини, треба да има повеќе мраз од било кое друго место на Церера. Неодамнешен кратер од удар е уште едно можно објаснување. Младите кратери на месечината, како Тихо, се многу посветли од нивната околина поради тоа што изложениот матријал сè уште не е затемнет од Сончевата радијација и микрометеорити.
„Зора“ ќе биде во орбита околу Церера на шести март, но како што ќе се доближува до џуџестата планета ќе праќа подобри слики. Раните слики беа со помала резолуција отколку што може да се добие со Хабл, но отсега натаму би требало да можеме да го видиме најголемиот член на астероидниот појас во досега невидени детали.
Пред да допатува до Церера, „Зора“ ќе помине време колку Веста, вториот најголем член на астеродниот појас. Иако Веста нема светли карактеристики од сличен калибар како точката на Церера, мисијата откри неколку помали бели точки, најголем број околу 100 метри во дијаметар, кои можеби се од иста природа.
Пред да добиеме добар поглед на белата точка треба да научиме дали точките слични со оние на Веста, кои се премногу мали за да се видат од Хабл, постојат и на Церера.
Превод: Максим Осман-Николов
Извор: IFLS