Прстен од ѕвезден оган опкружува галаксија стара 12 милијарди години

0
Прстен од ѕвезден оган

Нова слика сликана во инфрацрвена светлина покажува раѓање на ѕвезди во NGC 1291 каде што нови ѕвезди се разгоруваатт и ги загреваат облаците од прашина кои светат со инфрацрвена светлина

Галаксијата NGC 1291 е стара 12 милијарди години – ова е навистина старо. Зошто има новородени ѕвезди околу неа? Во оваа нова слика од вселенскиот телескоп Спицер (Spitzer), на НАСА, заробен гас во надворешнините на галаксијата има започнато ѕвездено раѓање.

Оддалечена 33 милиони светлински години во соѕвездието Еридан (Eridanus), NGC 1291 е позната како затворена или галаксија со пречка, поради долгиот раб од ѕвезди во централниот регион кој се појавува во форма на буквата S во синиот круг во горната слика. Нашата галаксија го има истото, само не толку изразено. Централната пречка се формирала рано во животот на галаксијата и ги разнела ѕвездите и гасот нанадвор во големи, некружни орбити. Ова создало области каде што гасот се компресирал, наречени резонанци, кои започуваат создавање на нови ѕвезди.

Остатокот од галаксијата е зрел, но надворешниот прстен само што почнал да светнува со ѕвезди.

Во младите галаксии кои се богати со гас, ѕвездените пречки најчесто привлекуваат гас кон центарот. Но како што овие галаксии стареат, гасот за формирање ѕвезди го снемува и формирањето на галаксии се преместува од внатрешноста на галаксијата кон надворешноста. Спиралните бранови на густина и резонанците направени од централната пречка го претворуваат гасот во ѕвезди.

Во горната слика, ниската бранова должина на инфрацрвена светлниа е сина, а подолгата е црвена. Ѕвездите во центарот (сини) се постари бидејќи гасот таму бил искористен порано. Надворешниот прстен (црвено) е просторот каде што гасот формира ѕвезди. Новите ѕвезди ја загреваат прашината, која свети со инфрацрвена светлина.

За одобро да се разбере како ѕвездените пречки влијаат на галаксиите се анализираат 3000 блиски галаксии како дел од Истражувањето на ѕвездени структури во галаксиите на Спицер, или С4Г (S4G). Пречките се природен продукт на еволуцијата на галактичките ендоскелети, а испитувањето на нивните фосилни остатоци ни нуди траги од нивното минато и увид во нивната еволуција.

Превод: Јован Милосковски

Извор: IFLS

Сподели.