Масивен кластер од жолтеникави галаксии, кои изгледаат како да се заробени од црвено-плава мрежа од изобличени позадински галаксии, даваат волшебна слика добиена од новата напредна камера за набљудувања на Хабл Телескопот. За да се добие оваа неизобличена слика од космосот, Хабл бил насочен кон центарот од еден од најмасивните познати кластери од галаксии наречен, Абел 1689. Гравитацијата од трилионите ѕвезди во кластерот—плус темната материја—играат улога на леќа во просторот со големина од 2 милиони светлосни години. Гравитациската леќа ја искривува и зголемува светлината од галаксиите која доаѓа од галаксиите кои се наоѓаат далеку во позадината. Дел од најбледите објекти во сликата, најверојатно се лоцирани на растојание од над 13 милијарди светлосни години во позадината. (Црвено поместување со вредност 6). Силниот ефект од гравитациската леќа забележан од Хабл при набљудувањето на Абел 1989 го потврдува и покажува присуството на теманта материја. Заслуги: : NASA, N. Benitez (JHU), T. Broadhurst (Racah Institute of Physics/The Hebrew University), H. Ford (JHU), M. Clampin (STScI),G. Hartig (STScI), G. Illingworth (UCO/Lick Observatory), the ACS Science Team and ESA
darkmatter
0
Сподели.



