Што ако еден ден откриеме дека не сме единствени високо интелигентни суштества во Вселената?

0

Да претпоставиме дека некогаш ќе воспоставиме контакт со вонземна интелигенција. Со сигурност можеме да заклучиме дека тоа нема да биде вистинска средба, туку воспоставување на радиоврска. Во најдобар случај, ќе се наиде на помалку или повеќе разбирливи сигнали и ништо повеќе од тоа. Но, и тоа би било голема сензација.

Сепак, испраќачот на сигналот нема да знае дека неговите сигнали се примени, а, исто така, и тој што ќе ги прими сигналите нема да знае кој и зошто ги праќа сигналите.

Дешифрирањето на сигналите би можело да потрае со години или дури со децении, слично на дешифрирањето со египетските хиероглифи. Можеби интелигенцијата на вонземјаните е толку висока што нема да можеме да ги разбереме ниту нивните наједноставни размислувања. Дури и кога вонземјаните би ни ја кажале својата точна положба во Вселената, ние немаме средства да стигнеме до нив во разумно време.

Речиси сите кои размислувале за тоа како човештвото ќе реагира на веста за постоење на вонземна интелигенција, сметаат дека тоа би бил огромен шок. Некои дури и сметаат дека шокот ќе биде толку голем, што ќе го уништи нашето општество. Навистина, при откривање на пулсари, неутронски ѕвезди кои се одликуваат со испраќање на правилни радиоимпулси, научниците своите информации ги објавуваат многу претпазливо.

Да претпоставиме дека контактот со вонземната интелигенција нема да предизвика никаква паника или шок, но, сигурно ќе предизвика длабоки промени во културата или во религиите.

Останува прашањето – може ли техничка цивилизација да трае милиони или милијарди години? Не смееме да ја потцениме самоуништувачката моќ на техниката. Можеби, техничката цивилизација ја одликува својство пред или после да се уништи. Тоа би значело дека во цивилизацијата во било кој момент постои многу мал број цивилизации.

Денес, човештвото се наоѓа на крстосница од каде може да тргне кон натаможен напредок или кон целосно уништување. Доколку се случи човештвото да исчезне, за Вселената тоа не би имало никакви последици. Во Млечниот пат, тоа никој нема да го примети.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Знаност

Сподели.