Водите на Марс: Новите мапи покажуваат нешто сосема неочекувано

0
Водите на Марс: Новите мапи покажуваат нешто сосема неочекувано

Дел од Марсовата карта од 2014 на која е покажана областа источно од басенот Елада, на среднојужните ширини. Заслуги: USGS

Од каде дошла водата на Марс и каде заминала? Овој заговор (на одреден начин) бил основа за една од најдобрите „Doctor Who“ епизоди на модерната ера, но со сета сериозност тоj, исто така, ги тера научниците да ја испитуваат Црвената планета одново и одново.

Ова значи споредување на постари информации со понови податоци за да се види дали сè уште се совпаѓаат. Од време на време, тие не се совпаѓаат. Последниот пример дојде кога научниците за геолошко истражување од САД создадоа карта на кањонските системи на долините Ваикито и Реул, кои се сместени во среднојужните ширини на Марс.

Претходно се веруваше дека кањоните се поврзани, но ажурирањето на податоците од истражувањата добиени од мисијата Викинг од 1980-та открија поинаква приказна.

„ Се верува дека овие кањони дека се формирале кога подземна вода била ослободена низ одредни слоеви почва на површината, што предизвикало пропаѓање на земјата. Водата можела да биде складирана во рамките на слоевите во локализирани водоносни базени во течна состојба или како мраз кој би можел да се стопи поради топлината од околните вулкани“, изјави Американскиот Геолошки институт.

Заслуга: НАСА / JPL / Малин вселенски научни системи – Дел од дното на Реул долината, долина источно од Елада басенот на Марс. Слика преземена од Mars Global Surveyor.

Но поновите податоци, гледајќи во информациите од Mars Reconnaissance Orbiter, Mars Odyssey, Mars Global Surveyor, откриja дека кањоните се сосема разделени, демаркирани со зона наречена Eridania Planitia помеѓу нив.

„Внимателната проценка на староста на кањоните и долините откриваат низа на настани, почнувајќи со вода ослободена од долината Ваикато, која била чувана одредено време во рамнините како плитко езеро. Како што долината Реул се формирала одделно, кањонот го пробил кратерскиот раб кој ја задржувал водата во езерото. Езерото се исцедило постепено, што може да се утврди од страна на многу помали канали засечени на дното од долината Реул.“

Мапата е ко-продукција на Скот Mест и Дејвид Краун, и двајцата научници од Планетарниот Научен Институт. Овде можете да ја видите целата мапа и слични материјали.

Превод: Боро Костевски

Извор: Universe Today

Сподели.