„Познавај го својот непријател“ може да биде мотото на мисија на НАСА до астероидот Бену (Bennu). Предходно имаме посетено астероиди, но Бену е првиот кој е опасност за нас, иако за уште некое време не.
Во 2180 г. Бену ќе направи серија блиски доближувања до Земјата и има 1 во 1800 шанса за судир. Со широчина од 493 метри, Бену не е доволно голем за да ја уништи цивилизацијата, но не би сакале да бидете под него или барем на истиот континент.
Мисијата ќе биде лансирана во 2016 г. за во 2018 г. и ќе обезбеди детали како што не сме виделе предходно од друг свет. OSIRIS-Rex ќе помине 8 месеци мапирајќи го Бену и ќе користи канадски ласерски алтиметар за да создаде 3D мапи од Бену, од кои ќе се одреди безбедно место за слетување, за да може OSIRIS-Rex да слета, да собере 60 грама примерок и да го врати на Земјата до 2023 година.
Канадскиот тим е најмногу заинтересиран за геологијата на астероидот – како се формирал, како еволуирал, зашто го има тој облик што го има итн. Бену ќе има многу различна геологија од тоа што е видено до сега. Друга цел на НАСА е да ја измери девијацијата предизвикана од негравитациски сили. Притисокот од Сончевата светлина може да ја смени орбитата на астероидот. Во текот на неколку децении таа може да се насобере и да одлучи дали треба да решиме да бегаме од Бену за 166 години.
Бену е египетскиот бог на повторното раѓање, при што акронимот OSIRIS (египетски бог на подземјето) е соодветен.
Превод: Максим Осман-Николов
Извор: IFLS